Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Москополе

Координати: 40°37′54″N 20°35′22″E / 40.63155° СГШ; 20.58939° ИГД / 40.63155; 20.58939
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква „Св. Никола“ - Москополе
Локално име
Kisha e Shën Kollit  (албански)
Basearica Ayiu Nicola (влашки)
МестоположбаМоскополе
Координати40°37′54″N 20°35′22″E / 40.63155° СГШ; 20.58939° ИГД / 40.63155; 20.58939
Изграден1726
Прогласено:1948


Црквата „Св. Никола“ (албански: Kisha e Shën Kollit; влашки: Basearica Ayiu Nicola) — православна црква во Москополе, Албанија. Црквата е подигната во 1721 година.[1]

Таа е споменик на културата во Албанија од 1948 година.[2]

Историја и опис

[уреди | уреди извор]
Фрескописаната припрата на црквата Св. Никола

Црквата била изградена во 1721 година. Градбата е од типот на базилика со наос покриен со купола, припрата и клаустар. Внатрешноста на црквата е украсена со фрески насликани од Давид Селеница и неговите помошници Костандин и Кристо. Уметноста на Селеница се одликува со реалистична природа, за што сведочи портретот на дарителот, како и длабокото теолошко знаење. Според натписот, портретот на дарителот бил завршен во 1726 година и тоа било утврдено од археолошко проучување во 1953 година.[3] 24 години подоцна, во 1750 година, браќата Зографи го насликале клаустарот.[4]

Литургија

[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од 2002 година, во времето на објавувањето на студијата за Власите од страна на германскиот истражувач Теде Кал, свештеникот Томаи ја држел источната православна литургија во црквата на влашки, врз основа на текстот во рамките на Ароманскиот Мисал, а потоа и на албански јазик. На влашки, Свети Никола е Ayiu Nicola.[5]

  1. Mikropoulos, Tassos A. (2008). Elevating and Safeguarding Culture Using Tools of the Information Society: Dusty traces of the Muslim culture. Earthlab. стр. 316. ISBN 978-960-233-187-3.
  2. „Religious buildings with the "Culture Monument" status“. Republic of Albania National Committee for Cult. Архивирано од изворникот на July 6, 2011. Посетено на October 28, 2010.
  3. Th Popa; Theofan Popa (1961). Piktorët mesjetarë Shqiptarë. Ministria e Arësimit dhe Kulturës. стр. 63.
  4. Maximilien Durand (2005). Patrimoine des Balkans: Voskopojë sans frontières 2004. Somogy. стр. 176. ISBN 978-2-85056-927-2.
  5. Kahl, Thede (2002). „The ethnicity of Aromanians after 1990: the identity of a minority that behaves like a majority“. Ethnologia Balkanica. 6: 157.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]