Црква „Св. Илија“ - Пуздерци
Свети Илија | |
Поглед на црквата „Св. Илија“ во селото Пуздерци | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Штипско |
| Парохија | Четврта пробиштипска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°56′38″N 22°08′09″E / 41.94389°N 22.13583°E |
| Место | Пуздерци |
| Општина | Пробиштип |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Завршено | 1920 |
| Зограф | непознато |
| Архитектонски опис | |
Свети Илија — главна селска црква во селото Пуздерци.[1] Црквата се наоѓа во источниот дел од селото, на стотина метри десно од патот кој води до селото Зарепинци. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во 1920 година, но не е познато кога и од кој архијереј била осветена. Не е познато ниту од кој иконописец биле изработени иконите. Црквата не е зографисана.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е дводелна, при што и главниот и помошниот дел имаат четириаголна основа. Главниот дел е значително повисок и во него води влезната врата. Пред дрвената влезна врата има натстрешница покриена со ќерамиди, над која има живопис со ликот на Свети Илија. Главниот дел од градбата е покриен со кров од ќерамиди, додека помошниот дел е покриен со лимен кров. Покрај левиот раб од предната страна на црквата се наоѓа камбанаријата, којашто има примитивен облик и претставува ѕвоно виснато на држач закачен на ѕидот. Градбата целосно е обоена во бела боја.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезната врата на црквата
- Живопис на Свети Илија над влезната врата
- Ѕвоното од камбанаријата на црквата
- Селските гробишта
- Гробови во дворот на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Пуздерци на Ризницата ?- Информации за црквата Архивирано на 28 август 2016 г. — страница на Брегалничката епархија


