Црква „Св. Илија“ - Карабуниште
Свети Илија | |
Новата црква на манастирот | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Велешко |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Карабуњиште |
| Општина | Велес |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Изградба | 1965 (старата црква), 1982 (новата црква) |
| Архитектонски опис | |
Манастирот Свети Илија — манастирски комплекс составен од 3 цркви кој се наоѓа во близината на велешкото село Карабуњиште, од десната страна на реката Вардар во Таорската Клисура. Сместен е во долот на потокот кој извира и протекува низ Карабуниште и е опкружен со листопадна дабова и јаворова шума. Во него нема монашки живот, но има машки и женски конаци за преспивање и останати помошни простории и трпезарии во кои престојуваат посетителите за поголемите празници. Во рамките на манастирот постојат 3 цркви, од кои две се посветени на пророкот Свети Илија, а една на Пресвета Богородица. Манастирот бил изграден во 1965 година. Манастирската црква нема фрескоживопис, а е осветена од тогашниот Митрополит Повардарски г. Гаврил[1]. На патрониот празник, Илинден, се одржува голем собор кој е посетен покрај од луѓето со потекло од Карабуњиште и од верници од Велес, Скопје и околните села. Манастирот е оддалечен 10 минути пеш од железничкото стојалиште „Пчиња“ и 20 минути пеш од селото Карабуњиште. На средината во дворот постои чешма со студена вода.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Двете цркви посветени на Свети Илија со камбанаријата
- Камбанаријата на манастирот
- Влезната порта на манастирот
- Поглед од запад на поновата црква посветена на св. Илија

