Црква „Св. Илија“ - Јабланица (селска)
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Струшко |
| Парохија | Ложанска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°19′3.8″N 20°34′34.6″E / 41.317722°N 20.576278°E |
| Место | Јабланица |
| Општина | Струга |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Пророк Илија |
| Завршено | 1886 |
| Осветување | 1996 (преосветена) |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Илија — главна селска црква во селото Јабланица.[1]
Во црквата се изведува богослужба за поголемите црковни празници и тука најчесто се изведуваат крштевања и венчавки.[2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]
Црквата е изградена на едно возвишение, чии падини од трите страни стрмно се спуштаат надолу во еден длабок дол, додека од западната страна се поврзуваат со селскиот пат. Поради тоа, црквата е видлива од сите страна, а нејзината монументалност и покрај тоа што не е многу голема е засилена со слободното пространство без високи дрвја што би ја криеле градбата.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Според еден натпис што се наоѓа во црквата таа е изградена во 1886 година со доброволна помош на печалбарите. Внатрешноста на црквата е доста скромна со скромен фрескоживопис насликан во поново време и иконостас со плитка резба.[2]
Црквата е посветена на пророкот Св. Илија кој е заштитник на селото. Била повторно осветена во 1996 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата претставува еднокорабна градба, изградена од делкани камења и претставува своевидно ремек дело на јабланичките мајстори-каменорезци.[2]
Во кругот на црквата се наоѓаат неколку гробови на свештеници меѓу кои и на војводата Цветан Ѓероски.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед кон црквата
- Страничен поглед на црквата
- Апсидата на црквата
- Апсидата на црквата
- Поглед на црквата
- Доминирачката позиција на црквата во селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 6 „Цркви“. Мојата Јабланица. Посетено на 7 ноември 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Јабланица (селска) на Ризницата ?


