Црква „Св. Јован Богослов“ - Негуш
Свети Јован Богослов | |
---|---|
Αγίου Ιωάννου Θεολόγου | |
40°37′14.7″N 22°4′7.6″E / 40.620750° СГШ; 22.068778° ИГД | |
Место | Негуш |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1822 - 1830 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Негушко |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Свети Јован Богослов (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Ιωάννου Θεολόγου) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е сместена на истоимениот рид јужно од градот. Изградена е од 1822 до 1830 г. од месното население на местото на постар храм по завршетокот на Негушкото востание. Првично била параклис на „Св. Преображение“. Низ годините претрпела интервенции и додавки, претежно на покривот.[1]
Градбата претставува трикорабна базилика без купола и површина од 200 м2. Средишниот кораб е подигнат. Храмот нема живопис, но има вредни икони како таа на Свети Јован Богослов и Пресвета Богородица Поширока од небесата, дела на негушките зографи Христодулос Матеу и Апостолос Хасјурас. Иконостасот е дрвен, резбан и со мали икони.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 39. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.