Црква „Св. Ѓорѓи“ - Просеник
Изглед
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
41°17′31.5″N 23°22′49.1″E / 41.292083° СГШ; 23.380306° ИГД | |
Место | Просеник, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Изградба | 1920 - 1927 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Просеник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото. Почнала да се гради во 1920 и завршена е во 1927 г. Од тој период датираат и иконите во храмот. Осветена е од митрополитот Константин Серско-нигритски. Градбата претставува крстокуполен храм. На југоисток има камбанарија. Подоцна е додадена припрата на запад и направено е живописување.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 октомври 2019.