Прејди на содржината

Црвен шаренец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвен шаренец
Примерок сликан во Македонија
Примерок сликан во Македонија
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Шаренци
Род: Melitaea
Вид: M. didyma
Научен назив
Melitaea didyma
(Esper, 1778)[1]

Црвениот шаренец (Melitaea didyma) е пеперутка од семејството на шаренците.

Пеперугата лета од март до октомври, во зависност од локацијата. Распонот на крилјата е од 35 до 50 мм. Оваа пеперутка има разлика помеѓу машки и женски пол. Горната страна на крилјата кај мажјакот е портокалова исшарана со црни дамки и линии во неправилна форма. Самите краеви на крилјата се бели. Антените се портокалови, а телото пороткалово и црно. Кај женките, долниот дел на горната страна е слична со таа кај мажјакот, но предната е кафена и со сосема различен дизајн на црни шари. Долната страна кај двата пола е слична, составена е од бела позадина со портокалова голема дамка и исшарани со црни неправилни дамки. Разликата кај половите е во големината на дамките и лентите.[2] Ларвите се хранат со растенијата Linaria, Plantago lanceolata, Veronica, Centaurea jacea и Digitalis purpurea.[3]

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Пеперугата живее во Јужна Европа, Средна Европа, Северна Африка, Близок Исток, Средна Азија и Сибир. Ја има и во Македонија.[3] Пеперугата претпочита тревни и цветни површини, ливади и долини.

Подвидови

[уреди | уреди извор]

Овој вид на пеперуги е составен од следните подвидови:[3]

  • Melitaea didyma didyma
  • Melitaea didyma elavar Fruhstorfer, 1917
  • Melitaea didyma kirgisica Bryk, 1940
  • Melitaea didyma neera Fischer de Waldheim, 1840
  • Melitaea didyma occidentalis Staudinger, 1861
  • Melitaea didyma turkestanica Sheljuzhko, 1929
  • Melitaea didyma ambra Higgings, 1941

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Biolib
  2. Seitz. A. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  3. 3,0 3,1 3,2 "Melitaea Fabricius, 1807" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]