Црвен змеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Црвен змеј“
РежисерБрет Ратнер
ПродуцентДино де Лаурентис
СценаристТомас Харис (роман)
Тед Тали (сценарио)
Главни улогиЕдвард Нортон
Ентони Хопкинс
Ралф Финс
Харви Кител
Емили Вотсон
Филип Симор Хофман
Мери Луиз Паркер
МузикаДени Елфман
КинематографијаДанте Спиноти
МонтажаМарк Хелфрих
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиера4 октомври 2002
Времетраење124 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
ПретходенХанибал (2001)
СледенХанибал: почетоците (2007)

Црвен змеј е трилер филм од 2002 година заснован на истоимениот роман на Том Харис, кој го следи ликот на брилијантниот психијатар и сериски убиец д-р Ханибал Лектер. Режија е Брет Ратнер, а писател на сценариото е Тед Тали, сценарист и на Кога јагнињата ќе стивнат. Главни улоги се Едвард Нортон како Грем и Ентони Хопкинс како Лектер – улога која ја игра по третпат (претходно во Кога јагнињата ќе стивнат и Ханибал) Црвен змеј е всушност, од хронолошки аспект, првата приказна во сагата за Лектер. Дејството во Црвен змеј е сместено пред настаните во Кога јагнињата ќе стивнат, а по првото Лектерово затворање. Иако Лектер е централната улога, дејството главно е фокусирано на ликовите Вил Грем и измачениот сериски убиец Френсис Долархајд.

Ентони Хопкинс

Улоги[уреди | уреди извор]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во својот дом во Балтимор, по одржување вечера, кај д-р Ханибал Лектер доаѓа Вил Грем, млад и надарен ФБИ агент кој е зад трагите на локален сериски убиец чии жртви биле канибализирани. По консултациите, Грем открива докази кои го имплицираат д-р Лектер во убиствата. Кратко потоа, д-р Лектер го напаѓа Грем, речиси смртно го ранува, но и овој успева да го прободе. Лектер потоа е осуден на доживотен затвор во институција за криминално умоболни, додека пак Грем, кој останува трауматизиран од искуството, се повлекува од ФБИ.

Неколку години подоцна, друг сериски убиец под прекар Забната самовила, убива цели семејства на денови кога има полна месечина. Незадоволен од своите неискусни агенти, специјалниот агент Џек Крафорд го бара Грем и го замолува да му асистира. Грем, верувајќи дека ако се случи убиство на уште едно семејство, ќе го јаде совеста, се согласува. Но, Грем доаѓа до заклучокот дека најголемиот дел од неговиот дотогашен успех бил постигнат благодарение на соработката со д-р Лектер, и решава да го посети и да побара помош да ја фатат Забната самовила – умоболен човек именуван Френсис Долархајд, кој го обожува Лектер откако дознава за неговите злосторства. Тој себеси се нарекува Големиот црвен змеј, поради неговата опсесија со сликата на Вилијам БлејкГолемиот црвен змеј и жената обвиткана во сонце“. Долархајд не може да ги контролира своите насилни сексуални потреби, и тоа го претвора во опасен сериски убиец, но и како резултат од константното злоуботребување како дете од страна на неговата баба.

Грем постојано се наоѓа во проблеми, а како еден од нив е репортерот Фреди Лаундс; репортер кој Грем го мрази уште од деновите по апсењето на д-р Лектер, а кој сега константно го следи за да дознае информации за Забната самовила. Уште поголем проблем е кореспонденцијата помеѓу Лектер и Долархајд, каде Лектер му ја дава домашната адреса на Грем, загрозувајќи го животот на неговата сопруга и дете. За среќа, и двата проблема се решени – првиот проблем го решава Долархајд со тоа што го убива Лаундс, откако овој објавува статија во весник која зборува лошо за него; а вториот со тоа што Грем навреме успева да го отстрани семејството од домот.

Во меѓувреме, Долархајд се вљубува во слепа колешка, Риба МекКлејн. Новопронајдената љубов на Долархајд е во конфликт со неговите самоубиствени нагони, кои му се манифестираат како „Големиот црвен змеј“. По поврзувањето со Риба, Долархајд се обидува да ја запре опседнатоста од Змејот во него. За да престане да убива, тој верува дека ќе мора да ја изеде оригиналната слика. Долархајд оди во музејот во Бруклин и успева да ја изеде оригиналната слика.

Евентуално, Грем сфаќа дека убиецот знаел какви се куќите на семејствата одвнатре од нивните домашни видеа, а тоа би можел да го види само ако работел во компанија за видео обработка. Работата на Долархајд му дава можност да ги види сите домашни видеа што минуваат низ компанијата. Чувствувајќи дека ќе биде фатен, Долархајд оди кај Риба за последен пат, но ја среќава во друштво со друг колега, Ралф Манди. Бесен, Долархајд го убива Ралф, ја киднапира Риба, ја носи во неговата куќа и подметнува пожар. Тој планира да ја убие неа, па потоа себеси, но сфаќа дека не е во состојба да ја убие. Откако наизглед се убива, Риба бега.

Дневникот на Долархајд стигнува до рацете на Грем, кој го гледа неговото трагично детствто и опсесија со убиства. Грем чувствува жал за Долархајд, бидејќи сфаќа дека тој не се родил чудовиште, туку станал таков. Меѓутоа, се покажува дека Долархајд не се убил, туку го ставил телото на Ралф Минди за да изгледа како да е мртов. Долархајд доаѓа во домот на Грем и го напаѓа неговиот син. Со цел да го спаси, Грем ги употребува истите фрази што бабата на Долархајд му ги кажувала за да го заплаши како дете. Ова го лути Долархајд, кој го напаѓа Грем, а го пушта детето. Сопругата на Грем, Моли, става крај на трагичниот настан со тоа што го убива Долархајд. Откако се опоравува, Грем добива писмо од Лектер, во кое тој му посакува брзо да закрепне и се надева дека не е многу деформисан. Филмот завршува со д-р Фредерик Чилтон, кој го информира Лектер дека млада жена од ФБИ чека да разговара со него, што е почетокот на Кога јагнињата ќе стивнат.

Разлики меѓу верзиите[уреди | уреди извор]

Приказната за Црвениот змеј е снимена двапати. Првиот филм е направен во 1986 под наслов Човеколовец, напишан и режиран од Мајкл Ман. Вилијам Питерсен го играше Вил Грем, а Лектер (во тој филм: Лектор) – Брајан Кокс. Човеколовец е послободна адаптација, во која е изоставена позадината на животот на Долархајд, и тој на крајот умира на рацете на Грем. Исто така, хронологијата на Црвен змеј не се поклопува со книгата.

Реакции[уреди | уреди извор]

Црвен змеј беше успешен во бокс офисот, заработувајќи 92,930,005 долари во САД.[1] Доби различни реакции од многу критичари. Додека едни негативно го споредуваа со Човеколовец, други, како Роџер Еберт, беа расположени за преработката.

Грешки[уреди | уреди извор]

  • Сликата која доминира во мислите на Долархајд не е истата која што се покажува во филмот, туку друга слика од Блејк, многу слична на неа.
  • Иако во филмот се спомнува дека Долархајд е во музејот во Бруклин, некои детали покажуваат дека тој се наоѓа во Уметничкиот музеј во Балтимор.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Red Dragon - Movie Reviews, Trailers, Pictures - Rotten Tomatoes“. Архивирано од изворникот на 2008-05-16. Посетено на 2008-06-14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]