Ханибал (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Hannibal“
Hannibal movie poster.jpg
Постер
РежисерРидли Скот
ПродуцентРидли Скот
Дино де Лаурентис
СценаристТомас Харис
Стивен Ѕилијан
НастапуваатЕнтони Хопкинс
Џулиен Мур
Гери Олдман
Реј Лиота
Џанкарло Џанини
МузикаХанс Цимер
КинематографијаЏон Матисон
МонтажаПјетро Скалија
ДистрибутерUniversal Pictures
Метро-Голдвин-Маер
Премиера9 февруари 2001
Времетраење131 мин.
ДржаваВелика Британија
САД
Јазиканглиски
италијански
јапонски
Буџет87 милиони долари
Бруто заработка351,692,268 долари
ПретходенКога јагнињата ќе стивнат (1991)
СледенЦрвен змеј (2002)

Ханибал е американски филм од 2001, во режија на Ридли Скот, снимен според истоимениот роман на Томас Харис. Дејството е сместено десет години по филмот Кога јагнињата ќе стивнат, кога еден од преживеаните жртви на Ханибал Лектер, екстремно-богатиот Мејсон Верџер, сака да го фати Лектер и да го убие. Филмот бил снимен на локации во Италија и САД.

Ханибал е продолжение на Оскаровецот Кога јагнињата ќе стивнат од 1991, кој станал третиот филм што добил „Оскар“ за најдобар филм, режија, актер, актерка и сценарио.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филмот е сместен десет години по настаните во Кога јагнињата ќе стивнат. Д-рот Ханибал Лектер (Ентони Хопкинс) сега живее во Фиренца, Италија под псевдонимот „д-р Фел“. Во меѓувреме, ФБИ агентот Кларис Старлинг (Џулиен Мур) е прекорена од страна на Пол Кредлер (Реј Лиота) поради несмасна бркотница на дилер на дрога што резултирала со смрт на пет луѓе.

Како резултат на претходните настани, Старлинг е тргната од работа на терен и е ставена да работи на случајот на Лектер. Ја праќаат во мансионот на билионерот Мејсон Верџер (Гери Олдман), кој е деформисан и парализиран по една средба со Лектер пред многу години. Верџер тврди дека има нови информации за Лектер, но вели дека ќе ги соопшти само на Старлинг.

По нејзиното пристигнување, Верџер ѝ ја раскажува својата приказна на Старлинг. Тој прв пат се сретнал со д-р Лектер поради наредба од судот да подлегне на психијатриска терапија откако бил осуден за сексуално малтретирање на деца. Лектер, фасциниран и згрозен од неговиот нов злобен пациент, решава тој да му стане нова жртва. Верџер го преживува нападот на Лектер, но останува парализиран и, во голема мера, деформисан. Во својот мансион, тој е опкружен со експерти и слуги кои му помагаат на многу начини, а ги користи и да го најде својот стар непријател Лектер. Направил и веб-страна на која нуди три милиони долари како награда за оној кој ќе го најде Лектер.

Во Фиренца, инспекторот Риналдо Паци (Џанкарло Џанини) го истражува исчезнувањето на еден библиотекар и го запознава неговиот заменик: д-р Фел. Во исто време, департманот на Паци има наредба од Старлинг да направи копија од видео камерите на сите парфимерии, вклучувајќи ја и онаа во Фиренца. Старлинг ова го наредува откако прима мирисливо писмо од Лектер. Паци го забележува д-р Фел на камерите и го открива неговиот нов идентитет, и, во надеж дека ќе ја добие наградата на Мејсон Верџер, стапува во контакт со неговата банка. Паци одлучува сам да го уапси Лектер, игнорирарјќи ги предупредувањата од Старлиг да го остави на мира. Но, Лектер дознава за намерите на Паци и го убива вадејќи му ја утробата и обесувајќи го на Палацо Векјо, судбина што го снашла и предецот на Паци. По тоа, Лектер се упатува кон САД да ја најде Старлинг.

Верџер, пак, плаќа на корумпиран вработеник – Пол Крендлер, со надеж дека побрзо ќе го најде и ќе му се одмазди на Лектер. Крендлер прифаќа и фалсификува љубовни писма кои вели дека Лектер ѝ ги пратил на Старлинг. Како резултат на ова, Старлинг е суспендирана и не е во можност да ги спречи луѓето на Верџер да го фатат Лектер и да го однесат во неговиот мансион, каде тој планира Лектер да биде изеден од страна на тренирани диви свињи. Сепак, Старлинг се упатува кон мансионот и успева да го спаси Лектер токму пред да го нападнат свињите, при што е повредена од еден од луѓето на Верџер. Лектер ја спасува, а притоа го убедува асистентот на Верџер, Кордел, да го бутне Верџер кај свињите, ветувајќи му дека ќе ја преземе вината за неговата смрт.

Во климаксот на филмот, Лектер ја носи Старлинг во куќата покрај езеро на Крендлер и ја оперира за да го извади куршумот. Откако ќе се разбуди, таа сфаќа каде е и се јавува на полицијата пред да се симне долу, каде Лектер извршил кранеотомија на Крендлер. Ужаснатата Старлинг набљудува како Лектер го храни дрогираниот Крендлер со неговиот сопствен спржен дел од мозокот. Кларис се обидува да го нападне Лектер, но не успева во тоа. Лектер ја прашува дали таа би го молела да ја поштеди прашувајќи го „ако ме сакаш, дали би ме поштедил“? Кларис му одговара дека тоа не би го направила никогаш. Тој ѝ вели дека така треба и ја бакнува. Кларис се обидува да го уапси со тоа што ќе му ја фати неговата рака и својата со лисици. Лектер се заканува дека ќе мора да се ослободи за да избега, а тоа ќе го направи само ако ѝ ја исече раката, но подоцна се гледа дека тој ја отстранил сопствената рака место нејзината.

Филмот завршува со Лектер во авион, каде се спрема да јаде. Меѓу спакуваната храна се наоѓа и мозокот на Крендлер. Мало дете го прашува што е тоа и вели дека добро изгледа. Лектер го прашува дали сака да проба и му вели: „Како што мајка ти ти вели, а и мене мојата истото ми го кажуваше, секогаш да пробуваш нови работи“. Лектер му дава на детето нешто да проба, најверојатно мозокот на Крендлер.

Продукција[уреди | уреди извор]

Ханибал беше снимен за 83 работни дена. Филмот започна продукција на 8 мај 2000 во Фиренца. Беше одржана и прес-конференција пред почетокот на снимањето во Фиренца како промоција на филмот. Филмот посети клучни локации во Фиренца и неколку локации во САД, во Вашингтон, Ричмонд, Вирџинија и Северна Каролина. По осумдесет милиони долари и година и пол продукција, режисерот Ридли Скот успеа прв пат да го види Ханибал во монтажерската соба.

Надоврешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: