Црвеноушеста желка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црвеноушеста желка
RedEaredSlider05.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Желки
Семејство: Блатни желки
Род: Црвеноушести желки
Вид: Црвеноушеста желка
Подвид: Црвеноушеста желка
Триномен назив
Trachemys scripta elegans
(Wied-Neuwied, 1839)

Црвеноушеста желка (науч. Trachemys scripta elegans) — полуводна желка од семејството на блатните желки (Emydidae). Ова е подвид на истоимената црвеноушеста желка (T. scripta) и претставува најпопуларна желка-миленик во светот[1][2] Присутна е како домородно животно во САД и северно Мексико, но денес ја има и на други места поради пуштање во дивина од сопственици. Во многу подрачја важи за инвазивен вид, каде се наметнува врз домородните видови и спаѓа во 100-те најнаметливи доведени видови во светот[3] според Меѓународен сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN).

Поведение[уреди | уреди извор]

Оваа желка е речиси сосема водно животно, освен кога се сонча и кога положува јајца. На копно е прилично брза, а исто така е и добар пливач. Ловат плен и се обидуваат да го фатат, кога е можно. Се труди да избегне средби со грабливци и луѓе; кога ќе видат непријател, му бегаат со нивното познато „слизнување“.

Опис[уреди | уреди извор]

Новородените желчиња имаат черупка долга околу 3 см. Видот се одликува со полов диморфизам во облик на должината — женките растат до 25—33 см, а мажјаците до 20—25 см. Женките не само што се поголеми од мажјаците, туку и имаат посилна челуст. Од друга страна, мажјаците имаат значително подолга и подебела опашка, како и подолги канџи на предните нозе, предвидени за да се држат за черупката на женката кога се парат.

Исхрана и размножување[уреди | уреди извор]

Овие желки се сештојади: се хранат со риби, ракови, со мрша, полноглавци, полжави, разни инсекти и водни растенија. При што младите единки се многу посклони на грабливост од возрасните: како што стареат, желките сè повеќе се хранат со растенија, а сè помалку со месо.

Сезоната на парење се одвива во мај. Женката полага по 2—30 јајца одеднаш, и ова може да се повтори до 5 пати годишно. Црвеноушестата желка достигнува полова зрелност на возраст од 6—8 години. По парењето, на женката понекогаш ѝ требаат неколку недели за да ги положи јајцата, а квачењето трае 60—90 дена.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Boylan Sánchez Efrén. „Las Tortugas“. Ed. Antártida. конс. 20 July 2007. 
  2. „Acuario de Veracruz“. конс. 21 July 2007. 
  3. Lowe S., Browne M., Boudjelas S. (2000). 100 of the World’s Worst Invasive Alien Species. A Selection From the Global Invasive Species Database. IUCN/SSC Invasive Species Specialist Group (ISSG), Auckland, New Zealand.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]