Црвена детелина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвена детелина
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Rosids
Ред: Fabales
Семејство: Fabaceae
Потсемејство: Faboideae
Род: Trifolium
Вид: T. pratense
Научен назив
Trifolium pratense
L.

Црвена детелина е тревесто цветно растение од фамилијата Fabaceae, кое потекнува од Европа, Западна Азија и северозападна Африка, но е натурализирано во многу други региони.

Опис[уреди | уреди извор]

Црвената детелина е многугодишно растение, кое достигнува височина од 20–80 cm. Има листови карактеристични за детелините (три издолжени и ситно назабени лисни плочи на една лисна дршка) и црвени цветови собрани во топчести соцветија.