Центар за едукација и развој - Теарце

Од Википедија — слободната енциклопедија

За ЦЕД[уреди | уреди извор]

ЦЕД е невладина организација основана во декември 2006 година во полето на развој и едукација. ЦЕД е основана како резултат на потребите од заедниците кои живеат во регионот на Долни Полог. Целна група се младите, наставниците и студентите, кои сакаат да придонесат за подобро општество. Организацијава има членови од регионот на Теарце, Тетово и Скопје, каде голем број од нив се млади студенти, наставници, луѓе со искуство во други организации. Нашиот фокус е насочен кон задоволување на потребите на сите жители кои живеат во регионот на Долни Полог. Стручниот тим на ЦЕД постојано работи на нови и актуелни програми и проекти за работилници од отворен тип наменети за млади, кои сакаат да ги зајакнат своите вештини и способности, компатибилно со националната програма за развој на образованието. Организацијата како Целна Група ги има младите од 12 до 28 годишна возраст,додека се вклучени младите, наставниците, родителите, водечките институции и други водечки организации. Неколку од услугите што ги нуди Центар за едукација и развој, како Обуки за- волунтерство, детски права, младинска партиципација, водство, комуникација, разрешување на конфликти, работа со поединци и групи, проекти, евалуација и мониторирање.

Стратешки планови на НВО како: креативни работилници, филмови, изложби, вештини од неформалното образование, волунтирање, танц и театар, правни консултанции за основање на НВО.

На видео запис може да се видаат конкретните активноти на ЦЕД во Општина Теарце:
CED(Tearce)-RCC Project-2010

Проекти[уреди | уреди извор]

Како и што многумина констатираат, Теарце со години бил едно заедничко место за многу граѓани кои биле староседелци, но како резултат на либералниот дух која со години преовладувал има дал можност на сите други да се интегрират во сите сфери на животот во ова село. Несомнено во Теарце, живеат граѓани од 10 и повеќе села од различни места од Македонија но и места од Косово. Меѓу проектите кои придонесувааза основање на една критична маса која во иднина ќе се продолжува сама да функсионира беа проектите Бабилон- Babilon Project, CBC -LOJA Танц Театар Група(Kurve Vustrou, Dance group theater, Германија), Детски Театарски Центар, Скопје)- Center of Children theater- Skopje, Отворени Кино(ЦСУ- Скопје), како и ЕКАП-EKAP project, проектот кој влијаеше многу во регионот.

Основање на НВО Центар за едукација и развој (ЦЕД) Главни носители беа локални активисти кои со вложениот труд но и преку директната работа со граѓаните се здобија со големо искуство, но во исто време авторитет кај месното население. Активистите со иницијатива на Метин Муареми, Менсуре Илази, Џемал Ќамили, Дијана Петровска и Алије Малики одлучија да на 20 декември 2006 ја основаат организацијата ЦЕД, која од тој момент премина на правно лице, со фактот дека во државата регистрирани се над 8000 НВОа.

По основањето, ЦЕД продолжува со реализирање на разни активнсоти со цел организирање културни настани, манифестации со цел промоција на Детски Права, Обука за наставници и Младински работници со цел употреба на нови вештини во образовниот процес, како и многу други креативни работилници. Организацијата верва дека само преку соработка на сите релевантни претставници во регионот може да се создаде подобар живот во сите сфери за сите кои живеат во регионот. Многумина од реализираните прокети беа поддржани од Швајцарска Култура за развој, Прохелветија, Министерство за образование и наука, како и последниот дарител Детска Фондација Песталоци, Швајцарија.

ЦЕД е основана како резултат на потребите од заедниците кои живеата во регионот на Западна Македонија. Како Целна група на организацијат се младите од 12-28 години, кои не се задоволни со моменталнат ситуација и кои сакаат да придонесат за подобро општество, додека за постигнување на нивните цели во активностите се вклучени млади, наставници, родители, раководители на институции и водачи на други НВОа.

ЦЕД е членка на разни коалиции и мрежи на организации

9043 Trogen, Switzerland; Web: http://www.pestalozzi.ch/.

ЦЕД како негови приоритети ги има: Да ги намали негативните однесувања кај младите, Да влијае врз заштитата на средината, Да се подобри соработката меѓу етничките националности .

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ[уреди | уреди извор]

Свеста кај младите за здрав живот, натпреварувачки дух, вклученост на женскиот пол во спортските активности. Младинска работа за стекнување на нови знаења и вештини, социјализација, Практичност, самоиницијативи и одговорност. Едукација за личен развој, за намалување на девијантните однесувањаза, справување со животните предизвици. Поддигнување на свеста за чиста еколошка средина, животната средина, зачувување на личното здравје. Запознавање со различните култури, соработка меѓу младите од различни националности, промоција на организацијата, поттикнување на волунтеризмот.

Неформално образование[уреди | уреди извор]

Самата организација се води од концептот дека Секој учи додека е жив, и верува дека кај секоја личност без разлика на неговата припадност или верување постои капацитет за личен развој низ целиот животен процес. Неформалното образование NFO (NON FORMAL EDUCATION) , како такво, има долга традиција во нашата земја, но како и се останато тоа сепак нема некое адекватно признание. Овој вид на образование најчесто е пропишано со правни акти и е задолжително. Школското образование кај нас во голема мера е засновано врз основа на формални принципи на образување. Со развојот на науката и технологијата како и другите социјални и економски промени кои настанале во 60-тите и 70-тите години. Така формалното образование не можело да ги прати овие промени и затоа се јавува потребата да се дополни истото. Така на сцената настапува неформалното образование, како негово дополнување а не како негова спротивност. UNESCO во 1972 г. го дефинира НФО како “ организирана образовна активност, надвор од формалниот систем кое има за цел да ги задоволи потребите на корисникот, а и целите на учење”.

Дефинирани цели: Програм на целната група, дефинирани цели, Флексибилна програма, Доброволно учество, образование, едукатор, фасилитатор, однос меѓу тренерот и учесниците, размена на искуства и вештини, учење преку пракса.

Неформалното образование нуди програми за едукација, на две пошироки категории- образовни програми и програми за воспитување. Овие програми се наменети за различни целни групи како за младите, возрасните, родителите итн. Се учи од целните групи, преку интерактивни односи со учесниците и едукаторите, се учи преку работа, акција, пракса, искуство. Притоа со секое учење на крајот се добиваат соодветни дипломи и сертификати кои во последно време се верифицирани и кај нас. Нема една временска рамка во која е одредено кој би можел акој не да учествува, доволно е да има желба и иницијатива и може да се започне со овој вид на образование.

Курсот- Основи на младинска работа во заедницата се состои од: вовед во младинска работа и неформално образование, етика во работата со млади, менаџмент на себе и другите, планирање на работата со млади, работа со поединци, работа со конфликт и различности, работа со групи.

Учесниците реализираат развоен проект со млади. Областа на проектот ќе биде во зависност од потребите на заедницата. Проектите се фокусираат на темите невработеност, мултиетничка соработка, еднакви можности и разноликост и заштита на животната средина.

Идејата на проектот Култура на руралните заедници е преку иновативен пристап кон културниот развој на руралните региони да се создаваат предуслови во кои локалните уметници, организации, креативните поединци, граѓанските организации и локалните заедници ќе имплементираат и создаваат културни програми и проекти.

Проектот е произлезен од потребите на локалните заедници за забрзување на сопствениот развој како и од нашите заложби за развој на локални културни политики кои се засноваат на потребите и навиките на локалните заедници и се развиваат во интеракција со културната понуда. Иновативноста на овој пристап кон развојот на културата на руралните региони е во моделот на културниот функционализам создаден според потребите и можностите на локалните заедници што доведува до создавање на паралелни културни модели кои по своето значење, содржина и вредност се еднакви на моделите на елитната урбана култура.

Ова всушност претставува децентрализација на културата и културен развој воден од потребите, можностите и навиките на заедниците и се одликува со широка партиципација во процесите на создавање, одлучување и имплементација на културните соржини, а резултира со интерсекторско поврзување и развој на локалните капацитети на руралните заедници. Врз основа на овој пристап стратегијата на проектот развива две форми на акции–

Директни културни активности во селата кои го анимираат месното население, кои пак се проследени со структуирани активности кои ги поддржуваат и формулираат локалните културни процеси и ги развиваат локалните развојни капацитети.

Главни активности кои се предвидени во рамките на проектот се: Активности на Социо-Културна анимација односно селски кина, театарски претстави, изложби, литературни читања, концерти и други активности. Активности за развој на локалните капацитети: Поддршката на локалните културни иницијативип како и активностите за развој на локалните потенцијали ( театарски работилници), и внатрешниот развој на локалните капацитети.

Регионално вмрежување – Идејата на овие активности да се зајакне соработката меѓу заедниците во рамките на различни региони, но и да се отворат нови хоризонти за прекугранична соработка преку културата кои би довеле до размена на искуства. Активности на промоција – Целта на овие активности е да се подигне интересот за културниот развој на руралните региони како и да се промовира проектот. Главна цел на проектот е анимација на културниот живот и давање активен придонес на културниот, општествениот и севкупниот развој. Цели :

Создавање културни содржини во над 50 села
Развој на локалните капацитети на повеќе од 20 села
Создавање делотворен пристап кон прашањата
Подигнување на интересот на заедницата.

Култура на руралните заедници е проект на Центарот за современи уметности – Скопје, во рамките на програмата за рурален развој во соработка со Фондација Мозаик-Босна, Академија за тренинг и техничка помош – Косово и во соработка со Прохелветиа - Швајцарска програма за култура за западен Балкан.

Теарце[уреди | уреди извор]

Теарце како општина постои од 1996. Првите документи за постоењето на ова место ни ги овозможуваат османлиските документи од XV век, каде името на ова место многупати се споменува. Денес ова село стреми да има водечка улога во овој регион, каде и фунционират општината, поштата, амбулантата, училиштето, полицијата и други објекти од разни области.

Книгата со наслов “Од Руништа и Атушишта до денешно Теарце” на г-дин Здравко Серафимовски-Зевс. Ова е прва монографија за оваа голема полошка населба и е наменета за подобро запознавање на историјатот и географијата на ова село, но и да послужи како истражувачки материјал и основа за идните генерации да продолжаат да истражуваат во истата насока. Авторот при истражувањето се соочил со две отежителни околности и тоа дека Теарце е формирано од две соседни населби (Теарце и Отушишта) за кои не може одделно да се пишува. Инаку Здравко Серафимовски-Зевс е роден во Теарце во 1951 година. Завршил средно економско училиште, а извесно време студирал Социологија на факултетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Обавувал повеќе општествени фукции на локално ниво, а подолго време се занимавал со новинарство, при што бил дописник во дневниот весник “Вечер”. Во последно време се занимава со истражувачка дејност, при што бил член на работна група во проектот WSP-ПЕВ Македонија(проект за единствена визија).

Ден на Екологија[уреди | уреди извор]

Главна цел на активноста е да се влијае кај свеста на младите и жителите на овие населени места за да се грижат за нивната средина каде тие живеат.

За време на работилниците, учениците подготвија разни пароли како: Да ја одржуваме средината чиста, Јас сакам да живеам во една чиста средина. ЦЕД во соработка со Еко Флор, Општина Теарце, ОУ Кирил Пејчинови и ОУ Асдрени ја реализира активноста наречена: Чиста средина-Здрава иднина. Целта на активноста беше подигање на свеста на учениците, наставниците, младите и другите за одржување на нашата средина чиста.

Волонтерство[уреди | уреди извор]

"Тоа што сме направиле за себе, умира со нас; Тоа што сме направиле за другите и светот останува бесмртно"~Albert Pike ЦЕД се стреми за волунтерството како вредност во општеството. Многумина од активностите кои беа реализирани од страна на младите беа на ниво на волунтерство. Овие активности имале големо влијание во самото општество. Од 2009 година во рамките на организациската структура на организацијата функсионира Совет на Волунтери. Овој совет учествува во разни обуки како, обука за фасилитирање и обука за волунтерство.

Во 2010 година членови на овој Совет учествуваа во еднодневни обуки со следниве теми :Младинска партиципација, Фасилитирање на разни групи, Детски права како и Обука за Волунтерство. Сите овие обуки влијаеја во мотивирањето на младите да тие на организиран начин функсионираат во рамките на организиацијата ЦЕД. Главната идеја на функсионирањето на овој орган е да младите од сите нивоа да имаат место каде да ги истакнат нивните идеји, а потоа преку разни активности на ЦЕД тие бидат поддржани и реализирани. Оваа екипа има за цел само развивање на младите, бидејќи во рамките на нивните активности учесниците организираат интерни семинари за другите членови, кои се спремни да промовират позитивни промени во самите општества.

Како резултат на досегашните иницијативи повеќе од пет проекта се реализирани во Општина Теарце. Како иницијатива на Лоран Салиу и Јетмире Малики во село Пршовце се основаше Танц театар група, која понатаму израсна во проект од Прохелветиа, Швајцарска програма за култура. Основањето на детскиот парк во Теарце се реализираше со иницијатива на Џемал Ќамили и Менсуре Илази, а со голема поддршка на наставниците Ахмет Јаји и Енвер Рамадани.

Услуги за Студенти[уреди | уреди извор]

Работа во канцеларија како и учење за канцелариски работи,
Спортски активности како и учење на спортови што се играат вон Македонија,еколошки и културни активности и запознавање со странски волунтери
Работа со деца од основното училиште,
Организирање на самостојни изложби и можност за демонстрација до јавноста
Филмски презентации и учење за начинот на снимање и уредување на филмските записи и многу друг корисни работи во прилог на младината.

Контакти[уреди | уреди извор]

За ваше вклучување во активностите на организацијата пишете ни во адресата и меилот на организацијата:

Зграда на старото училиште, поштенски фах-1224, Теарце Општина Теарце Република Македонија Интернет адреса: E-mail: info@ced.org.mk
’’’Посетете ги мрежните места на интернет:’’’, https://twitter.com/CEDTearce
https://www.youtube.com/user/theCEDofficial
https://www.facebook.com/pages/Center-for-Education-and-DevelopmentCED-Tearce/ http://www.ced.org.mk/

Директор на НВО- „ЦЕД“, Центар за едукација и развој, г. Метин Муареми,е-пошта: metin.muaremi@ced.org.mk