Цвета Апостолска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цвета Апостолска
Родена 1913
Штип
Сопружник Михајло Апостолски

Цвета Панчева Апостолска (Штип, 1913) — македонски учесник во НОВ уште од 1941 година[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Апостолска е родена како Панчева во 1913 година во Штип. Таа е сестра на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. Во почетокот работела како заднински работник, а подоцна и како директен учесник во НОВ. Таа е сопруга на Генералот Михајло Апостолски. По војната се вклучила активно во општествено-политичкиот живот на Македонија и Југославија. Одреден период работела и како службеник во УДБ. Била член на КПЈ од 1948 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Апостолски, Михаило (2003). Сеќавања. Скопје: Магор.
  2. Гласник (50. изд.). Скопје: Институт за национална историја. 2006.