Цветана Пиронкова
Цветана Пиронкова | |
---|---|
Цветана Пиронкова во 2011 | |
Земја | Бугарија |
Место на живеење | Пловдив, Бугарија |
Роден на | 13 септември 1987 |
Роден во | Пловдив |
Спорт | Тенис |
Висина | 1.80 m |
Професионалец | 2002 |
Игра со | десна рака |
Заработка | $1,384,654 |
Поединечно | |
Победи-порази | 269–153 |
Титули | 0 WTA, 6 ITF |
Највисок пласман | No. 31 (13 септември 2010) |
Сегашен пласман | No. 44 (18 јули 2011) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | 2R (2006, 2008–2011) |
Ролан Гарос | 2R (2006, 2008, 2011) |
Вимблдон | SF (2010) |
УС Опен | 2R (2007, 2010) |
Во двојки | |
Победи-порази | 10–20 |
Титули | 0 WTA, 0 ITF |
Највисок пласман | No. 141 (23 март 2009) |
Ажурирано на: 15 ноември 2010. |
Цветана Кирилова Пиронкова (бугарски: Цветана Кирилова Пиронкова; Пловдив, Бугарија, 13 септември 1987.) е професионална тенисерка.
Кариера
[уреди | уреди извор]Родена е во спортско семејство. Такто и, Кирил Пиронков (на бугарски : Кирил Пиронков) бил шампион на Бугарија во кану, а мајка и Радосвета Пиронкова (на бугарски : Радосвета Пиронкова) била балкански и бугарски првак во пливање.
Научила да игра тенис во својата четврта година. Првиот учител и бил татко и. Во шестата гдина започна да игра на јуниорските турнири во Бугарија. Во август 2002. четиринаестгодишната Пиронкова во Букурешт учествуваше на својот прв ИТФ турнир, каде загуби во финале од Моника Никулеску. Во септември истата година, во Волос, ја освои својата прва ИТФ титула победувајќи ја во финалето Тина Шмасаман (на германски : Tina Schmassmann). Во мај 2005. година, седумнаесетгодиншната Пиронова учествуваше на својот прва WTA турнир во Истанбул, каде што загуби во полуфинале од Венус Вилијамс. Во јануари наредната година, и се реваншира на Венус со победа во првото коло на отвореното првенство на Австралија.
Во 2007. година, Пиронкова не успеа да го помине првото коло на три гренд слем турнири (отвореното првенство на Австралија, отвореното првенство на Франција и Вимблдон), додека на отвореното првенство на САД беше поразена во второто коло од тогашната број 1 во женскиот тенис - Жастин Енен.
На отвореното првенство на Австралија во 2008., загуби во второто коло од Светлана Кузнецова. Истата година, на мастерс тунирот во Рим, изненади со победата на тогашниот трети носител - Ана Ивановиќ. Поради тоа што Викторија Азаренка го предаде мечот во третото коло, Пиронкова во четвртфинале загуби од Ана Чакветадзе.
Најдобриот резултат во својата кариера го реализираше во јуни 2008., кога го зазеде 40. место на WTA листата.
На летните олимски игри во Пекинг, загуви во второто коло од Доминика Цибулкова.
Во 2009. година на турнирот Мурил Хобар интернешенал стигна до четвртфинале, каде загуби од Виржини Разано. На турнирот Андалусија Тенис Експириенс истата година, каде беше поставена за 8. носител, загуби во првото коло од Роберта Винчи. На првите два гренд слем турнири во 2009., не стигна подалеку од второт коло, односно првото коло. На Вимблдон загуби во првото коло од Џил Крејбас, додека на US Open исто така во прво коло од 29. носител - Марија Шарапова.
Пласман на WTA списокот на крајот од сезоните
[уреди | уреди извор]Година | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Пласман | 553 | 344 | 295 | 88 | 62 | 95 | 46 |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]ИТФ Профил Архивирано на 19 април 2008 г.