Царско Величество (обраќање)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Царско Величество (Негово/Нејзино Царско Величество, крат. НЦВ) е начин на обраќање кон цар или царица (император или императорка). Ова ословување се користи за да се различи статусот на цар од статусот на крал, кој едноставно се ословува со Величество (НВ).

Денес ова ословување е изумрено насекаде, освен при обраќање кон царот и царицата на Јапонија (јапонски: 陛下, heika).