Цел за одржлив развој 17
Цел за одржлив развој 17 (скратено ЦОР 17) — седумнаесетта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел постигнување „партнерство за одржлив развој“. Официјалниот текст гласи „зајакнување на средства за спроведување и ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој“.[1][2] Целта има 17 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година. Потцелите се поделени во пет категории, и тоа: финансии, технологија, развој на капацитетите, трговија и системски прашања. Напредокот кон постигнување на потцелите се мери со помош на 25 показатели.[3][4]
Партнерството за одржлив развој се однесува на потребата за меѓусекторска и прекугранична соработка во потрага по исполнување на сите цели до 2030 година. Тоа исто така е повик за земјите да ги усогласат политиките. ЦОР 17 претставува визија за подобрена и поправична трговија, како и координирани инвестициски иницијативи заради промовирање на одржлив развој. Целта се однесува на зајакнување и поттикнување соработка меѓу земјите — како развиени, така и во развој — со помош на Целите за одржлив развој како споделена рамка и визија за обликување на таквата соработка.[3] Понатаму, целта предвидува поддршка на меѓународната трговија и помош на земјите во развој да го зголемат својот извоз и осигураат сеопфатен правичен трговски систем којшто се заснова на правила и е чесен, отворен и корисен за сите.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
- ↑ Sustainable Development Goal 17. United Nations.
- ↑ 3,0 3,1 Pierce, Alan (26 November 2018). „SDG Indicators: why SDG 17 is the most important UN SDG“. Sopact. Посетено на 24 септември 2020.
- ↑ „#Envision2030Goal17: Partnerships for the goals“. United Nations Department of Economic and Social Affairs (UNDESA). Посетено на 24 септември 2020.
- ↑ „Goal 17: Partnerships for the goals“. United Nations Development Programme (UNDP). Посетено на 24 септември 2020.