Хусаро
Хусаро во јули 2009 | |
Географија | |
---|---|
Место | Стокхолмски Архипелаг, Балтичко Море |
Координати | 59°30′20″N 18°50′50″E / 59.50556° СГШ; 18.84722° ИГД |
Површина | 1,48 км2 |
Должина | 2,4 км |
Држава | |
Округ | Стокхолм |
Општина | Јостерокер |
Демографија | |
Население | 29 (2013) |
Хусаро е остров во Стокхолмскиот Архипелаг, североисточно од Стокхолм и јужно од Нортеље.
Историја
[уреди | уреди извор]Островот Хусаро бил, од 15-от век па сè до 1912 година, место каде била сместена пилот станицата – од тука тргнувале т.н. пилот бродчиња кои ги спроведувале големите бродови низ каналите и опасните места на архипелагот. Во 1912 година оваа станица била затворена, а на островот денес постои мал пилот музеј.
Во 1719 година, за време на Големата северна војна, Русите го запалиле местото и голем дел од шумата на островот. Во мај 2006 година изгорела продавницата на островот.[1][2]
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Има ферибот служба на островот, а патувањето трае околу два и пол часа до центарот на Стокохолм.
Бродска компанија (шведски: Waxholmsbolaget) која е во сопственост на Стокхолмскиот округ го поврзува Хусаро со Стремкајен, а има и туристички бродови (Cinderellabåtarna) кои тргнуваат од центарот (Strandvägen) на Стокхолм.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Metro. „Brand i krog på Husarö“. Metro (шведски). Посетено на 2018-12-13.
- ↑ „WebCite query result“. www.webcitation.org. Архивирано од изворникот на 2012-10-07. Посетено на 2018-12-13.
- ↑ „Välkommen till Husarö“. Välkommen till Husarö (шведски). Посетено на 2018-12-13.