Хуни (фараон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хуни
Гранитна глава за која се смета дека е фараонот Хуни, Бруклински музеј
Фараон на Египет
Владеел24 години[1], Трета династија
ПретходникКаба(?)
НаследникСнеферу
СопружнициЏефатнебти(?)
ДецаХетеферес I(?), Мересанк I(?) , Снеферу(?)

Хуни бил последниот фараон од Третата египетска династија. Тој бил наследник на Каба, и можеби му бил син. Хуни владеел од 2637 година п.н.e., до неговата смрт.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Хуни значи „уништувач“. Манетон го нарекува Керфер(ис) и Ах, а името Хуни некаде се наоѓа скратено на Ху.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Хуни го наследил Каба, и најверојатно му бил син. Хуни бил последниот владетел на Третата династија, според Меченовата мастаба. Постои сомневање дека Хуни дошол на престолот многу стар. На списокот на службеници на фараонот Џосер се споменува еден Хуни. Ако е овој фараон, можно е дека тој бил во сродство со Џосер, а кога дошол на престолот, мора да бил многу стар, бидејќи Секемхет (веројатно негов дедо) и Каба владееле меѓу Џосер и Хуни. Главната сопруга на Хуни била Џефатнебти.[3] Таа и Хуни имале ќерка, Хетеферес I. Хуни имал и друга жена, Мересанк I[4], со која тој е татко на Снеферу, неговиот наследник. За време на неговото владеење Хуни изградил многу градби. По неговата смрт, тој бил погребан во гроб за чија локација се смета дека е пирамидата во Меидум, Сакара или мастаба 17 во Меидум.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. according to Thomas Schneider: Lexikon der Pharaonen. Albatros, Düsseldorf 2002, , page 99.
  2. http://www.phouka.com/pharaoh/pharaoh/dynasties/dyn03/05huni.html Хун
  3. http://en.wikiversity.org/wiki/Old_Kingdom_Monuments_Organized_by_Ruler Споменици на Старото Кралство организирани за владетелот
  4. http://euler.slu.edu/~bart/egyptianhtml/kings%20and%20Queens/Queens_of_Egypt.html Листа на египетски кралици