Хуангшан Маофенг
Изглед
Хуангшан Маофенг | |
---|---|
Вид | Зелен |
Потекло | округот Анхуи, Кина |
Краток опис | Чист чај како игла со блага цветна импликација |
Чај Хуангшан Маофенг (кинески: 黄|山|毛|峰) е зелен чај произведен во југоисточниот внатрешен округ Анхуи во Кина.[1][2] Чајот е еден од најпознатите чаеви во Кина и се одгледува во близина на Хуангшан (Жолта планина), која е дом на многу познати сорти на зелен чај. Англискиот превод на чајот Хуангшан Мао Фенг е „Жолт планински врв како крзно“ поради малите бели влакна кои што ги покриваат листовите и обликот на обработените листови кои личат на врв на планина. Најдобрите чаеви се берат на почетокот на пролетта пред фестивалот Кингминг во Кина. При берење на чајот се берат само новите пупки на чаевите и листот до пупката. Локалните земјоделци на чај велат дека листовите личат на пупки од орхидеи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Dai, Qianying; Liu, Sitong; Jiang, Yurong; Gao, Jing; Jin, Huozhu; Zhang, Yajuan; Zhang, Zhengzhu; Xia, Tao (2019-09-01). „Recommended storage temperature for green tea based on sensory quality“. Journal of Food Science and Technology (англиски). 56 (9): 4333–4348. doi:10.1007/s13197-019-03902-7. ISSN 0975-8402. PMC 6706524. PMID 31478003.
- ↑ „Famous Huangshan Maofeng tea starts picking season“. en.chinaculture.org. 29 March 2023. Посетено на 2023-05-02.