Хауфајзен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хауфајзен („Потковица“) станбен имот во Берлин, изграден во периодот 1925-33 година. Осмислен е од страна на архитектот Бруно Таут, раководителот на општината за планирање и соработник Мартин Вагнер, градинскиот архитект Леберехт Миге и директорот на Нојкелновите градини Отокар Ваглер. Во 1986 година зградата е ставена под заштита како дел од германската култура. На 7 јули 2008 година зградата беше впишана како еден од шесте објекти што го сочинуваат светското наследство од населбите на Берлинскиот модернизам.[1]

Централна градба наречена според обликот „Потковица“

Историја[уреди | уреди извор]

На почетокот на 20-от век Берлин драматично расте. Од 1850 година до крајот на 1920-тите, неговото население приближно двојно се зголемуавло на секои 25 години. Тоа не беше само културниот сјај на златните дваесетти што предизвика брзо зголемување на населението, туку и напредокот на индустријализацијата и крајот на Првата светска војна. Гроз Берлин (Голем Берлин), акт донесен во 1920 година со спојувањето на неколку области во градот и неговите предградија, го оправда своето име. Со население од 3,8 милиони, бројот на жители не само што го надмина денешниот број на населението, туку го направи Берлин трета најголема метропола во светот во тоа време по Њујорк и Лондон.

Реформистичко домување и концепти на урбанистичко планирање[уреди | уреди извор]

Поглед од централното скалило по реставрацијата од 2013 година

Овој огромен прилив на луѓе се соочи со недостаток од домување. Особено во областите на работничката класа како Нојкелн, Кројцберг, Пренцлауер Берг или Вединг. Во текот на периодот меѓу двете светски војни, градот Берлин беше доизграден за да го прифати поголемиот обем од населението. Само од 1924 до 1931 година биле изградени 140.000 станови. Со цел да се обезбеди соодветно организациско тело за изградба на овие објекти, биле основани станбени задруги. Едно од овие претпријатија, ГЕХАГ ( Gemeinnützige Heimstätten-,Spar- und Bau-Aktiengesellschaft ), е основано во 1924 година, и го вклучиле Бруно Таут да биде главен архитект и одговорен за изградба на зградата. Заедно со пет други градежни проекти, „Потковица“ беше додадена како објект дел од светското културно наследство на Берлинскиот модернизам за домување во 2008 година.[1] Делот заштитено наследство од Хауфајзен, изградено помеѓу 1925 и 1930 година, се протега на вкупно шест градежни делови и површина од околу 29 хектари. Се состои од 1.285 станови, кои се во трокатни згради усогласени со улицата, и 679 терасни куќи, секоја со своја градина и мала тераса. Понатамошно, седмиот градежен дел не е дел од светското културно наследство, со местоположба југоисточно од раскрсницата помеѓу Фриц Ретер Але и Пархимер Але и во неговата изградба не учествувал Бруно Таут.

Архитектонски детали и варијации[уреди | уреди извор]

Варијации во боја на врати и влезови - типичен замисла според моделот на Бруно Таут

Основни објекти, внатрешен дизајн и специјални понуди[уреди | уреди извор]

Планери[уреди | уреди извор]

Одржување[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 UNESCO. Berlin Modernism Housing Estates. Retrieved 12 January 2019

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Berlin Modernism Housing Estates. Inscription on the UNESCO World Heritage List; German/English; Editor: Berlin Monument Authority - ISBN 978-3-03768-000-1
  • Housing Estates in the Berlin Modern Style; Editor: Jörg Haspel and Annemarie Jaeggi; Text by Markus Jager - ISBN 978-3-422-02100-6
  • Bruno Tauts Hufeisensiedlung, German/English; Editor/Text: Ben Buschfeld; - ISBN 978-3-89479-923-6
  • Bruno Taut: Master of colourful architecture in Berlin, German/English; Text: Winfried Brenne; Editor: German Werkbund - ISBN 978-3-03768-133-6
  • For a more complete German bibliography, see also: Literaturliste zur Großsiedlung-Britz, published by the Friends and Supporters of the Hufeisensiedlung Berlin-Britz e.V. and the Berlin Senate Department for Urban Development and the Environment.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 52°26′51″N 13°26′55″E / 52.44750° СГШ; 13.44861° ИГД / 52.44750; 13.44861