Фреквенција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Синусни бранови на различни фрекфенции

Фреквенцијата (честота) е големина која го изразува бројот на пати за кој еден настан се повторува во единица време. Исто така е дефинирана како брзина на промена на фазата на синусоиден бран.

Пресметување[уреди]

За да се пресмета фреквенцијата на некој настан, бројот на појавувања на настанот во фиксна единица време се брои, а пота се поделува со должината на временскиот интервал.

Во SI, резултатот се мери во херци (Hz). Единицата е именувана по германскиот физичар Хајнрих Рудолф Херц. 1 херц означува дека определен настан се повторува еднаш во една секунда, 2 херци се два настана во 1 секунда итн. Пред да го добие името херц, единицата била нарекувана - циклуси во секунда (cps). Други единици кои се користат за да се измери фреквенцијата се и вртежи во минута (rps) и радијани во секунда (rad/s). Брзината на отчукувања на срцето и музичкото темпо се мера во удари во минута (bpm).

Алтернативен метод за да се пресмета фреквенцијата, е да се измери времето помеѓу две последователни појави на еден настан (период)а потоа да се пресмета фреквенцијата како реципрочна вредност од изминатото време:

f = \frac{1}{T}

Каде што T е периодот.

Фреквенција на бран[уреди]

Фрекфенцијата на бранот се пресметува така што: Фреквенцијата f е еднаква на брзината v на бранот поделена со должината на бранот λ (ламбда):

f = \frac{v}{\lambda}

Во посебни случаи на електромагнетен бран кој се движи низ вакум, тогаш v=c, кадешто c e брзината на светлината во вакум. Следнава равенка може да се употреби за овој случај:

f = \frac{c}{\lambda}

Забелешка: Кога бранот патува од еден медиум во друг, тогаш фреквенцијата останува иста но се менува брановата должина и брзината.

Примери[уреди]

  • Фреквенцијата на стандарден тон изнесува 440 Hz, односно 440 циклуси во секунда. Оваа фреквенција е позната и како концертен тон, бидејќи кога оркестарот се штима тогаш се штима на оваа фреквенција. (Слушнете )
  • Бебињата можат да чујат тонови чии осцилации достигнуваат и над 22.000 херци. Меѓутоа овие фреквенции стануваат се потешки за слушање со стареењето на човекот.