Фредерик Базиј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Авто-портрет на Фредерик Базиј

Фредерик Базиј (француски: Frédéric Bazille; Монпелје, 6 декември 1841 - Бон ла Ролан, 28 ноември 1870) бил француски импресионистички сликар.

Роден е во Монпелје во семејството на протестантска вера од средната класа. Почнал да биде заинтересиран да слика многу млад, бидејќи ги гледал делата на сликарот Ежен Делакроа. Неговото семејство му ветува дека може да студира слика, но само ако претходно ги заврши медицинските студии.

Базиј започнува медицински студии во 1859 година. Тој се преселил во Париз во 1862 година за да продолжи со студиите. Тука се сретнува со Пјер Огист Реноар и тој станува заинтересиран за импресионизмот. Наскоро тој почнува да ги посетува часовите на Чарлс Глук. Кога паднал на медицинскиот испит во 1864 година, почнува да слика.

Семејната средба.

Неговите најблиски соработници и пријатели биле Клод Моне, Алфред Сисли и Едуар Мане. Роден во богато семејство, на Базиј му помагаат неколку уметници со тоа што му даваат место за работа, како и му набавуваат материјал за слики.

Имал само 23 години кога ги насликал неговите најдобри дела, вклучувајќи го и Розевиот фустан. Неговата најпозната слика е Семејната средба (1867 - 1868).

Фредерик Базиј умира во 1870 година, на свои 29 години. Убиен е во акцијата во војната против Прусија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]