Франц Јозеф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Франц Јозеф I
Emperor Francis Joseph.jpg
Франц Јозеф во 1905 година
Цар на Австрија,
Крал на Унгарија, Бохемија,
Далмација, и Хрватска
Династија Хазбург - Лорен
Татко Франц Карл од Австрија
Мајка Принцеза Софија од Баварија
Роден(а) 18 08 1830
Виена
Починал(а) 21 11 1916
Виена
Потпис

Франц Јозеф бил цар на Австрија и крал на Унгарија, Бохемија, Далмација и Хрватка, владеел од 2 декември 1848 година сè до својата смрт на 21 ноември 1916 година.


Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на 18 август 1830 година во Виена. На престо л дошол како осамнаестогодишник во тек на револуцијата во 1848 година, кога неговиот претходник Фердинанд -{I}- Добриот бил принуден да абдицира, а Франц Јозеф (кој тогаш немал право на круна) станал крак дури откако под притисок царската круната ја одбил и неговиот татко надвојводата Франц Карл .

Портрет на царицата Софија и царот Франц Јозеф

Со помош на рускиот цар успеал да 1849 година да ја задуши унгарската револуцију, а потоа вовел централистичко-апсолутистички режим. За да ја надмине внатрешната криза во Монархијата царот Франц попуштил под притисок на Унгарија и се приклонил кон создавање на двојна Австро-Унгарска монархија.

Со тоа ја обезбедил лојалноста на Германците и Унгарците кон својата династија, но со наметнување на неговата доминација врз негерманските и неунгарските народи, воглавно население со натоди со словенскто потекло, ги заострил националните прашања што станале извор на нови судири и кризи.

Франц Јозеф од Бохемија (1961 година)

Унгарска револуција и останати кризи[уреди | уреди извор]

Унгарската побуна била задушена дури со помош на руските трупи 1849 година, само за царот во својата неразбирлива политика во тек на Кримската војна да ја сврти Русија засекогаш против себе и така да го намали нејзиниот притисок врз Прусија. Со тој потег тој останува без една пријателска голема сила подготвена да војува на страна на Австрија. Од друга страна тој продолжува да најавува војна, заедно со Прусија на Данскај чии членовина кралската фамилија се во роднински врски со британското кралско семејство, за само неколку години подоцна да влезе во војна со „пријателска“ Прусија.

На почетак на ХХ века австроунгарската држава се наоѓа во сојуз со Италија и со Германија. И тој сојуз бил толку пријателски што Австро-Угарска според своите воени планови постојано држела една армија во резерва поради можна војна со Италија, додека во исто време Германија ја потресуваат идеи за анексија на Австрија и препуштање на остаток на државата на независна Унгарија.

Прва светска војна и крај на царството[уреди | уреди извор]

Убиство на престолонаследника Франц Фердинанд во атентат во Сараево ја затекнува целата Австро-Унгарија во воен занес на кој убиството му е идеална цел за остворување на тој воен сон.[1] Престолонаследник и царот не биле блиски, ниту меѓу нив владеело почитување, но сите услови за остварување на толку барана војна, за која министрите, бирократите и останатите заговорници верувале дека ќе донесе мир во самаото царство, стивнување на незадоволството и дека ќе заврши за неколку дена, биле исполнети. Најавата на војната создава еуфорија кај сите кои верувале дека тоа ќе биде мошне успешен локален судир со непријателот кој нема сили и моќ да се одбрани[2], но искусниот цар Франц Јозеф сфаќал дека тоа е вовед во голем судир, оттаму и неговата изјава: „Сега викаат, бараат војна, а утре ќе плачат“.[3]


Во доцни години на животот тој доживува повеќе семејни трагедии: во замокотМајерлинг 1889 година е пронајдени мртви неговиот син и престолонаследник Рудолф и грофицата Марија Вечера, а нивната смрт до денес не е расветлена, потоа атентат на царицата Елизабета (Сиси), потоа убиство на престолонасленик Франц Фердинанд. Наспроти тие лични трагедии, политички драми и неизвесна воена судбина на војната, стариот цар заминал од овој свет со полно достоинство.Неговиот погреб на некој начин бил погреб на старото царства. Го наследил роднината Карл, кој станал последен австриски монарх.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Радојевиќ Мира; Димиќ Љубодраг, Србија во Големата војна 1914-1918, Слово љибве - Буквибукс, 2017, Скопје:
  2. Стојанчевић, Владимир (1988). Србија и српски народ за време рата и окупације 1914.1918 године. Лесковац: Народни музе
  3. Митровић, Андреј (1984). Србија у Првом светском рату. Београд: Српска књижевна задруга.