Флоренс Фостер Џенкинс (филм од 2016)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Флоренс Фостер Џенкинс (англиски: Florence Foster Jenkins) - британско-американски филм од 2016 година, во режија на Стивен Фрирс. Главните улоги ги играат: Мерил Стрип, Хју Грант и Сајмон Хелберг. Филмот имал две номинации за „Оскар“ и четири номинации за „Златен глобус“, а освоил една награда на БАФТА. Вкупно, филмот добил 10 награди и имал 43 номинации.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот се опишува животот на богатата жена Флоренс Фостер Џенкинс (ја игра Стрип), која нема дарба за пеење, но посакува да биде пејачка. Поради тоа, нејзиниот помлад сопруг Сент Клер Бејфилд (го игра Грант) го изнајмува младиот и непознат пијанист Козме Мекмун (го игра Хелберг) за да ја придружува на пијано. Бидејќи госпоѓата Џенкинс е многу богата, Бејфилд организира концерти на кои кани избрана публика, која е потплатена за да ѝ ракоплеска на Џенкинс, а исто така, тој подмитува и неколку весници за да пишуваат позитивни критики за нејзините настапи. Еден ден, за време на отсуството на Бејфилд, Џенкинс и Мекмун снимаат плоча со нивната заедничка песна, која за брзо време станува омилена кај американските војници. Поттикната од успехот, Џенкинс закажува концерт во „Карнеги Хол“ на кој, покрај подмитената публика, доаѓаат и многу други луѓе. За време на концертот, тие ѝ се потсмеваат на Џенкинс. Утредента, таа случајно доаѓа до примерок на весникот „Њујорк Пост“ и ја дознава вистината, по што тешко се разболува и набргу умира.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]