Флоренс Дикси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Флоренс Дикси
Лејди Флоренс во 1880-тите
Роден(а)25 мај 1855(1855-05-25)
Дамфрис, Шкотска
Починал(а)7 ноември 1905(1905-11-07) (воз. 50 г.)
Глен Стјуарт, Шкотска
НационалностБританка
ЗанимањеВоен коресподент
Познат(а) поФеминистка

Лејди Флоренс Каролина Дикси (25 мај 1855 година - 7 ноември 1905 година) била британски патник, воен коресподент, писател и феминистка.

Дикси беше ентузијастички писател на писма до весниците за прогресивни прашања.[1]

Дикси одржувала цврсти ставови за еманципацијата на жените, предлагајќи половите да бидат еднакви во бракот и разводот, дека Круната треба да биде наследена од страна на најстарото дете на монархот без разлика на полот, и дека мажите и жените треба да носат иста облека.[1]

Во 1890 година, Дикси објавила утописки роман, Глоријана, или Револуцијата од 1900 година, која е опишана како феминистка фантазија.[2] Во неа, жените го добиле правото на глас, како резултат на главниот лик, Глоријана, која маскирана како маж, Хектор Л’Естрејнџ, била избрана за Комората на општините на Велика Британија. Ликот на Л’Естрејнџ е очигледно инспириран од Оскар Вајлд.[3] Книгата завршува во 1999 година, со опис на просперитетна и мирна Британија регулирана од жени.[2] Во предговорот на романот, Дикси не предлага само право на глас, но и двата пола да бидат образувани заедно и сите професии и работни места да бидат отворени и за двете. Во овој предговор, таа оди уште подалеку и вели:[4]

Природата непогрешливо им ја даде на жените поголемата мозочна моќ. Ова е очигледно во детството. Сепак, мажот намерно се поставува да ги спречи раните докази за менталниот капацитет, со поставување на закон според кој образованието на жената треба да биде на ниво пониско од она на мажот. Оваа постапка е произволна и сурова, и лажна според природата. Тоа било средство за испраќање до своите гробови непознати и анонимни, илјадници жени чиишто интелекти биле потрошени, и чии можности за правење добро биле парализирани и неразвиени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 [1] online at the web site of the National Portrait Gallery npg.org.uk (accessed 8 March 2008)
  2. 2,0 2,1 Lady Florence Dixie at spartacus.schoolnet.co.uk (accessed 8 March 2008)
  3. Heilmann, Ann, Wilde's New Women: the New Woman on Wilde in Uwe Böker, Richard Corballis, Julie A. Hibbard, The Importance of Reinventing Oscar: Versions of Wilde During the Last 100 Years (Rodopi, 2002) pp. 135–147, in particular p. 139
  4. Gates, Barbara T. (ed.), In Nature's Name: An Anthology of Women's Writing and Illustration, 1780–1930 (University of Chicago Press, 2002) pages 61–66 online at books.google.co.uk (accessed 9 March 2008)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]