Флебитис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Флебитис
Gray583.png
Флебитис
Класификација и надворешни извори
Специјалностphlebology[*]
МКБ-10I80
МКБ-9451
DiseasesDB13043
eMedicineemerg/581 emerg/582 med/3201
MeSHD010689


Лекарите често го користат заедничкиот поим “флебитис“ (што значи воспаление на вените), за специфичната состојба позната како тромбофлебитис, која вклучува создавање крвни грутки или тромби на местото на воспалението. Овие грутчиња се причина за болка и надразнетост, а можат делумно или целосно да го запрат протокот на крвта низ зафатените вени. Најчестиот облик на воспаление на вените, површинското воспаление на вените, се јавува во вените што се наоѓаат блиску до основата на кожата, најчесто во нозете. Иако е непријатен, овој облик на болеста е релативно безопасен и обично минува за неколку дена. Длабокото воспаление на вените, што ги зафаќа сите длабоки вени на нозете, е поретко и поопасно заболение. Бидејќи подлабоките вени се поголеми, крвните грутчиња се поголеми и постои поголема опасност дека ќе се откачи и ќе стигне во белите дробови. Луѓето со големи воспаленија на белите дробови честопати не знаат дека се заболени, па не бараат соодветна помош.

Симптоми[уреди | уреди извор]

При површинско воспаление на вените:

  • црвена вена слична на канал видлива на ногата; вената е тврда, топла и чувствителна на допир, а околното ткиво може да чеша и да биде неизменето.
  • чувство на чукање или горење на основата на кожата
  • болка и чувство на тежина кога ќе ја спуштите ногата


При длабоко воспаление на вените:

  • може да биде без симптоми
  • болка и отекување на целиот зафатен екстремитет
  • температура, чиреви на ногата или отекување на ногата, при притискањето кожата останува вдлабната
  • ако се сомневате дека имате воспаление на вените; потребна е точна дијагноза и лекување
  • ако симптомите на површинското воспаление на вените не исчезнат за 7 до 10 дена; може да дојде до влошување на болеста
  • ако дојде до необично крвавење за време на антикоагулантската терапија; лекарот ќе мора да ја приспособи дозата.
  • ако се појават јазли, висока температура или раскинувачка болка и отекување на целиот екстремитет ова се знаци на длабоко воспаление на вените, можеби придружено со инфекција што треба веднаш да се лекува.
  • ако имате воспаление на вените, а доаѓа и до појава на сродна инфекција (може да се појават по породувањето, рани или повреди на вените или ако имате инфекција на срцевите залистоци). Дури и во лесните случаи, труење на крвта.

Причинители[уреди | уреди извор]

Луѓето си вариокозитет на вените се склони кон воспаление на вените. Исто така, и кај секој човек кој извесно време било неподвижен, на пример, по хирушки зафат, бидејќи протокот на крвта е забавен, згрутчувањата се случуваат полесно. На оваа болест се подложни и постарите луѓе, бидејќи со текот на годините се влошуваат тегобите со крвотокот и болестите на крвните садови, кои можат да го поттикнат воспалението на вените. Воспалението на вените може да се развие и како одговор на инфекција или повреда. Може да се јави на место на интравенска инјекција, особено ако местото е боцнато повеќепати. Истражувачите откриле уште неколку различни фактори. Околу 70 проценти од заболените се жени. Трудниците и жените кои пијат таблетки за контрацепција се изложени на поголема опасност од оваа болест. На поголем ризик се изложени луѓето чија крв побрзо се згрутчува. Дебелината, недоволното движење и пушењето, исто така, се поврзани со воспалението на вените.

Лекување[уреди | уреди извор]

Лекувањето зависи од видот на воспалението на вените. Површинското воспаление на вените обично реагира на едноставното домашно лекување. Длабокото воспаление на вените често бара краткотрајно болнично лекување. Во двата случаи, ако пушите, престанете да пушите. Пушењето многу ги влошува сите тегоби со крвотокот. Исто така, воспалението на вените може да ја зафати секоја вена, но најчесто се појавува во нозете; неговата тежина обично зависи од тоа колку длабоко се наоѓа зафатената вена. Површинскиот флебитис или воспаление на вената и создавањето на грутчиња крв во вената блиску до кожата, може да предизвика отекување, црвенило и болка, но состојбата ретко е сериозна. Длабокото воспаление на вените, кое ги зафаќа внатрешните вени, често е без симптоми, но е многу опасно.

Конвенционална медицина[уреди | уреди извор]

Ако постои сомневање дека имате воспаление на вените, лекарот ќе побара рендгенско снимање за да ја потврди дијагнозата и да одреди дали се зафатени длабоките вени. Како помош во смирувањето на симптомите на површински воспалените вени лекарот за намалување на воспалението може да препорача ацетилсалицилна киселина (на пр. Аспирин). Ако лекарот мисли дека постои инфекција, ќе препише антибиотици. Ако ве мачат болки и отоци, распрашајте се за еластични потпорни доколенки. Иако хулахопките го ограничуваат крвотокот, пропишаните посебни чорапи што ги стегаат нозете можат значително да го подобрат крвотокот и на многумина да им донесат брзо и трајно олеснување. Погледнете, исто така, под Лекување дома. Ако ви е дијагностицирано длабоко воспаление на вените потребна е хоспитализација. Лекарите редовно препишуваат седумдневно лекување со хепарин, антикоагуланс кој обично се дава интравенски. Ќе мирувате в кревет држејќи ги нозете на повисоко и ќе се направат испитувања за откривање можни крвни грутчиња во белите дробови. Лекарот, веројатно, ќе ве вклучи и во 90-дневна програма на орално лекување со антикоагулансот варфарин. Варфаринот е силен лек, па ќе мора да внимавате на придружните појави, на кои ќе ве предупреди лекарот.

Алтернативни причини на лекување[уреди | уреди извор]

Некои алтернативни начини на лекување можат да помогнат кај површинското воспаление на вените. Посоветувајте се со хомеопат или експерт за кинеска медицина кои можат да ви препорачаат акупресура, акупунктура или комбинација на лековити кинески билки подготвени за намување на воспалението. Може да го зголемите внесувањето на витаминот Е, природен разредувач на крвта, како и витаминот Ц, бидејќи и двата се добри за здравјето на системот на крвни садови.

Лекување дома[уреди | уреди извор]

Кај површинското воспаление на вените постојат неколку мерки што можете да ги преземете дома за налување на тегобите и забрзување на оздравувањето:

  • Одморајте почесто.
  • Додека лежите подигнете ги нозете, така што ќе се наоѓаат 15 до 30 сантиметри над висината на срцето. Тоа помага за истекување на крвта од нозете и намалување на оптоварувањето на вените зафатени со воспалението.
  • За намалување на болките, ставете термофор или влажна, топла облога на зафатениот дел.
  • Ако ве чеша кожата на воспаленото место, мачкајте се со цинков-оксид.

Внимание[уреди | уреди извор]

Природно е да ги триете болните мускули за да ги намалите болките, но, ако имате воспаление на вените, треба да внимавате. Масажата, особено силната, може да го откачи крвното грутче, кое може да стигне до белите дробови и да предизвика емболија, која е опасна за жвотот. Опасноста е помала и не грижете се, ако забележите дека го триете болното место, но обидете се да ја избегнувате таа потреба.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Издавачка куќа: Mладинска куќа-Скопје
За издавачот: Златко Макаровски
Уредник: Лавинија Шувака