Фирд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Современо пресоздавање на англосаксонски воин од VII век

Фирд (староанглиски: fyrd) — национална милиција во Англосаксонска Британија, која била војска свикана од кралот од слободните земјопоседници за заштита на територијата на земјата од надворешна агресија. Овој вид војска постоела во сите англосаксонски кралства во Англија во периодот од VI до XI век, па сѐ до Норманското освојување на Англија (1066).[1] Фирдот бил резервна војска за кралот или месните господари. Кога имало неволја, како викиншки упад, ќе го повикале фирдот за да помогне. Тоа бил начин брзо да се собере борбена сила без да се има постојана војска цело време.

Историја[уреди | уреди извор]

Фирдот се појавил за време на владеењето на англосаксонските кралеви, како што бил Алфред Велики, како децентрализирано средство за одбрана од викиншките напади и други закани. Месните господари и земјопоседници имале одговорност да се погрижат нивните заедници да обезбедат војници за фирдот кога ќе бидат повикани од кралот или нивниот господар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stenton, F. Anglo-Saxon England. Oxford, 1973.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]