Фимвердухалс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Предел во Фимвердухалс

Фимвердухалс (исл. Fimmvörðuháls, За снимкава изговор ) е област меѓу ледниците Ејафјатлајекитл и Мирдалсјекул во јужен Исланд. Низ овој премин поминува патот од Скогар до Торсмерк и е меѓу најпопуларните планинарски патеки во Исланд, иако е долга 22 km и се искачува на височина од 1000 m. Во Фимвердухалс има современа и удобна планинарска куќа во сопственост на планинарското здружение „Утивист“. Неадеку од тука постои и постара помалку опремена куќа наре наречена Балдвинскали. Патот од Скогар се одликува со особена убавина заради многубројните водопади. Пристапен е само од средината на јуни до крајот на август.

За подолго планинарење од 4-6 дена, на патот во Фимвердухалс може да се надоврзе патеката Лаугавегур помеѓу Ландманалаугар и Торсмерк.

Ерупција во 2010[уреди | уреди извор]

Расцеп на Фимвердухалс (2 април 2010). Како што тече лавата, снегот се претвора во пареа.

На 20 март 2010 г. започнала ерупција на вулканот Ејафјатлајекитл во Фимвердухалс по неколкумесечниот период од мали земјотреси под ледникот Ејафјатлајекитл. Ерупцијата почнала околу 23:00 ч. и отворила расцеп од половина километар во северниот дел на преминот.[1] Една недела подоцна, ерупцијата во Фимвердухалс веќе образувало 300-метарски расцеп, а на северната патека се појавиле нови избувнати кратери[2] кон подрачјето на Торсмерк, популарен туристички природен резерват. Водичите морале да ги запрат турите за вулканолозите да ја проценат понатамошната состојба.[3]

Потоа, во април избувнал и самиот вулкан Ејафјатлајекитл во голема ерупција што го попречил воздушниот сообраќај во половина Европа. По овој настан стручњаците стравуваат од уште поголема ерупција во Катла.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Прва ерупција во Фимвердухалс“. 31 март 2010. конс. 16 април 2010.  (англиски)
  2. „Ерупција во Фимвердухалс“. 9 април 2010. конс. 16 април 2010.  (англиски)
  3. „Избувнатиот вулкан во Исланд образува нови кратери“. Ројтерс. 31 март 2010. конс. 31 март 2010.  (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]