Филозофија на композицијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Филозофија на композицијата (1846) e есеј напишан од Едгар Алан По кој ја обработува неговата теорија за тоа колку добро пишуваат писателите кога пишуваат добро. По се потсетува на начинот на којшто ја напишал својата најпозната поема Гавран за да ја илустрира својата идеја, која претставува намерен контраст на таканаречената теорија на "спонтана творба" која Колриџ ја предлага како објаснување за своето ремек-дело Кублај Кан.

Филозофија на композицијата за првпат се појавува во април 1846 година во Греамово Списание.

Поовата филозофија на композицијата[уреди | уреди извор]

Во основа, есејот воведува три теории на По во врска со литературата.

Должина[уреди | уреди извор]

По сметал дека сите дела треба да бидат кратки, со исклучок на романите. "Има," тој пишува, "една јасна граница... за сите книжевни дела - границата на едно дејство." Тој особено го прокламира оваа правило во рамките на поезијата, но исто така смета дека расказот е супериорна литературна форма во однос на романот токму поради тоа што тој се покорува на ова правило што и резултира со неговата мала обемност.

"Единство на ефектот"[уреди | уреди извор]

Во овој есеј, По пишува дека едно дело треба да биде напишано само тогаш кога авторот ќе одлучи како истото ќе заврши и каков емоционален одговор, односно ефект тоа треба да предизвика. Оваа своја идеја По ќе ја дефинира како "единство на ефектот". Во мигот кога ќе биде познат конечниот ефект, писателот треба да одлучи и начинот на кој сите останати елементи што го создаваат делото, како на пример тонот, темата, местото, ликовите, судирот и заплетот, ќе го подзасилат неговото влијание.

Метод[уреди | уреди извор]

По ја порекнува интуицијата и уметничката инспирација, сметајќи дека пишувањето е методско и аналитичко, а не спонтано. По вели дека ниту еден автор не го признава ова, поради тоа што најголем број писатели "едноставно треперат во мигот кога ќе помислат дека треба да ѝ дозволат на јавноста да ѕирне зад сцената... кон созреаните фантазии отфрлени во очај... кон внимателните избори и одбивања."

Гарванот[уреди | уреди извор]

Во Филозофија на композицијата, По се навраќа на начинот на кој тој го создава Гавран. Тој тврди дека поемата ја има разработено од секој аспект. На пример, вели дејството во поемата намерно се случува во една бурна ноќ, бидејќи така гавранот би морал да бара засолниште. Намерно избира бледа статуа за да стои во контраст со темните пердуви на птицата. Статуата е на Палада за да ја пробуди идејата за мудроста, односно онаа на која асоцираат првите два стиха од поемата:

"Еднаш среде полноќ една, покрај стари книги седнат,
дури водев в соба бледна со тајната ука спор... " [1] Archived 2007-09-27 на Wayback Machine

Ниту еден дел од песната не е случаен, туку секој стих е плод на писателовата потполна контрола врз песната [1].

Дури и зборот Nevermore, според По, е заснован врз логиката изведена од "единството на ефектот". Звукот на буквите, особено на самогласката "о", пишува По, има поголемо значење од самиот збор. И претходно По користи зборови како "Ленор" за да го предизвика истиот ефект.

Сепак, Поовото објаснување на процесот на пишување на Гарванот е толку строго логично, што некои критичари сметаат дека есејот претставува еден вид сатира или пак планирана измама[2].

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Кенет Силвермен (Silverman, Kenneth). Edgar A. Poe: Mournful and Never-ending Remembrance (Едгар А. По: Мрачен и вечен спомен). Harper Perennial, 1991: страни 295-6.
  2. Кенет Силвермен (Silverman, Kenneth). Edgar A. Poe: Mournful and Never-ending Remembrance (Едгар А. По: Мрачен и вечен спомен). Harper Perennial, 1991: страна 296.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]