Филмски фестивал во Салерно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Салерно филмски фестивал
Фестивалот се одржува во киното Аугусто, кое се наоѓа во општината Салерно
МестоположбаСалерно Италија
Основан1946
Мрежно местоfestivaldelcinema.it

Филмскиот фестивал во Салерно или Салернио филмскиот фестивал (на италијански јазик, Festival del cinema di Salerno) функционира од 1946 година во италијанскиот град Салерно.

Историја[уреди | уреди извор]

Филмскиот фестивал во Салерно го имал својот прв настан во 1946 година.

На тоа издание, меѓу другите, присуствувале и Виторио де Сика, Росано Браци, Адријана Бенети, Марија Меркадер, Мариела Лоти. По тој повод, проекциите се одржале не само во Салерно, туку и во Кава де Тирени, Позитано и Амалфи.

Од неговото прво издание, фестивалот се одржува секоја година (со исклучок на изданијата од 1953, 1957, 1959 и 1960 година). Локацијата е во киното театар Аугустео, сместено во приземјето на северниот дел на Палацо ди Чита (Градското собрание на Салерно), па дури понекогаш и во Театро Верди.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]