Фибриларни белковини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фибриларните белковини, познати и како склеропротеини, претставуваат еден од трите главни типа на белковини (заедно со глобуларните и мембранските белковини).[1][2][3] Постојат многу суперфамилии на фибриларни белковини вклучувајќи ги кератинот, колагенот, еластинот, и фиброинот. Улогата на склеропротеините е поврзана со заштита и поддршка, формирање на сврзно ткиво, тетиви, коскени матрици, и мускулни влакна (миоцити).

Биомолекуларна структура[уреди | уреди извор]

Троен хеликс на тропоколаген

Склеропротеините се изградени од долги протеински филаменти, кои имаат облик на прачки или жици. Тие воглавно претставуваат структурни или складишни протеини, кои обично се инертни и нерастворливи во вода. Склеропротеините главно се јавуваат како агрегати, поради хидрофобноста на страничните аминокиселински ланци кои штрчат на површината од молекулата. Нивните молекули се меѓу најголемите белковински молекули, како, на пример, титинот, кој е најголемиот протеин воопшто, со околу 30,000 аминокиселински остатоци во составот на неговата молекула.[2]

Пептидната секвенца на една фибриларна белковина често има ограничен број на видови на аминокиселински остатоци, кои се повторуваат; тие може да се формираат невообичаени секундарни структури, како што е колагенскиот хеликс. Нивните структури многу често поседуваат вкрстени врски помеѓу полипептидните синџири (на пример, cys-cys дисулфидни врски меѓу кератинските синџири).

Склеропротеините не денатурираат толку лесно како глобуларните белковини.

Мирошников et al. (1998) се меѓу истражувачите кои се обиделе да синтетизираат фибриларни белковини.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nelson, David L.; Cox, Michael M. (2017-01-01) (на English). Lehninger Principles of Biochemistry (Seventh edition издание). New York NY: W. H. Freeman. стр. 125-131. ISBN 9781464126116. https://www.amazon.com/Lehninger-Principles-Biochemistry-David-Nelson/dp/1464126119/ref=dp_ob_title_bk. 
  2. 2,0 2,1 Finkelstein, Alexei V.; Ptitsyn, Oleg (2016-07-12) (на English). Protein Physics: A Course of Lectures (2 edition издание). Amsterdam Boston Heidelberg London: Academic Press. стр. 151-163. ISBN 9780128096765. https://www.amazon.com/Protein-Physics-Second-Condensed-Biomaterials/dp/0128096764. 
  3. Andreeva, Antonina; Howorth, Dave; Chothia, Cyrus; Kulesha, Eugene; Murzin, Alexey G. (1 јануари 2014 г). SCOP2 prototype: a new approach to protein structure mining. „Nucleic Acids Research“ том  42 (Database issue): D310–314. doi:10.1093/nar/gkt1242. ISSN 1362-4962. PMID 24293656. PMC: PMC3964979. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/24293656. 
  4. Miroshnikov, K. A.; Marusich, E. I.; Cerritelli, M. E.; Cheng, N.; Hyde, C. C.; Steven, A. C.; Mesyanzhinov, V. V. (1 април 1998 г). Engineering trimeric fibrous proteins based on bacteriophage T4 adhesins. „Protein Engineering“ том  11 (4): 329–332. ISSN 0269-2139. PMID 9680195. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9680195.