Прејди на содржината

Фета Атанасова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фета Атанасова ( 1905 во Кавадарци — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Од 1942 година учествувала во заднината на НОД во родниот град. Во нејзиниот дом се собирале напредни младинци, а подоцна чувала илегалци и одржувала врска меѓу истите во градот. Повремено префрлувала илеrалци од едно во друrо место. Собирала народна помош и работела на организирањето на жените од маалото во кое живеела, за нивно учество во НОД.[1]

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 984.