Фест-ноз

Од Википедија — слободната енциклопедија

 

7000 танчери во Рен, 2015 г.

Фест-ноз (бретонски за „ноќен фестивал“) - бретонски традиционален фестивал, со танцување во екипи и забавни музичари кои свират на акустични инструменти.

Повеќето традиционални ора на фест-ноз се древни, некои доаѓаат од средниот век, обезбедувајќи начин на заедницата да го сфати своето минато и да ужива во длабокото чувство да се биде со своите постари.[1]

На 5 декември 2012 год. фест-ноз беше додадена од УНЕСКО на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото.[2]

Фест-ноз[уреди | уреди извор]

Сцена во 2013 година

Овој фестивал е традиционален танцов фестивал во Бретања. Повеќето бретонски танци се социјални танци, во група. Во моментов, многу вакви фестивали се одржуваат и надвор од Бретања во рамките на дијаспората, оживувајќи ја бретонската култура надвор од територијата на Бретања. Овој термин е познат уште од крајот на 19 век, но како име е даден дури од 1950-тите години.

Во минатото ората понекогаш се користеле за газење на земјата за да се направи цврст земјен под во куќа или цврста површина за работа на фарма, на кои биле поканети луѓето од близината, што објаснува присуство на движења на печат во некои од ората. Долго време црквата ги забрануваше ората „коф-ха-коф“ (стомак до стомак), што значи танцување во парови. Овие фестивали биле шанса за младите луѓе да се запознаат меѓусебно, и да видат колку брзо се уморуваат, бидејќи танците понекогаш продолжуваат долго и вклучуваа сложени и брзи чекори што бараа труд и умешност.

Годиниве фестивалот сè уште е многу популарен. Во селата се одржува ваков фестивал најмалку еднаш годишно во организација на спортските клубови, училиштето и сл. Тоа е начин да се изрази нивната култура и идентитет и да се споделат заедничките вредности со пријателите во текот на една ноќ. Во текот на летната и туристичката сезона, учеството на овој фестивал за многумина е како одење во ноќен клуб.

Танци[уреди | уреди извор]

Фестивалот во Пејс Гало во 2007 година како дел од фестивалот Мил Гол

Постојат стотици традиционални танци. За време на фестивалот, повеќето ора се играат во синџир или во круг, сите се држат за рака, но има и танци кои се играат во парови и „кореографирани“ танци, значи танци збогатени со прецизни уметнички работи (секвенци, фигури и слично ).

Музика[уреди | уреди извор]

Постојат главни два вида музика на овие фестивали: музика испеана а капела, придружена со музика или чисто инструментална. Пред пронаоѓањето на микрофоните и засилените инструменти, инструментите кои најчесто се користеле биле еден вид обоа и бретонските гајди. Популарна била и дијатонската хармоника, кларинетот, а повремено и виолината. По Втората светска војна, шкотските гајди исто така станале вообичаени во Бретања.

Освен традиционалните инструменти, во денешно време постојат групи со многу различни стилови на музика, почнувајќи од рок, џез, до панк, а исто така се мешаат со стилови од други земји. Гудачките инструменти (виолина, контрабас, акустична гитара, електрична гитара, бас гитара) и северноафриканските ударни инструменти се одамна усвоени. Во различен степен, на некои фестивали групите користат и електронски тастатури. Дувачките инструменти станувале сè поретки, а честопати со себе носат звуци кои се приближуваат до оние на ориенталната музика.

Програма[уреди | уреди извор]

По заживувањето во 1970-тите години, стандардот бил да се менуваат неколку пејачи и неколку музичари. Во последниве години, парови пејачи и парови музичари свират наизменично со бенд. Бендовите свират повеќе инструментална музика и често практикувањето на танцот се разликува од двата други начини на диригирање.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cunliffe, Barry W. (2003). The Celts: A Very Short Introduction. Oxford University Press. стр. 135. ISBN 9780192804181 – преку Google Books.
  2. UNESCO - Intangible Heritage Section. „UNESCO Culture Sector - Intangible Heritage - 2003 Convention :“. unesco.org. Архивирано од изворникот на 2013-08-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]