Прејди на содржината

Фанка Икономова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фанка Икономова
Родена 6 мај 1920
Велико Трново,  Бугарија
Починала 1 април 2015
Скопје, Македонија Македонија
Занимање оперска певица

Фанка Икономова (Велико Трново Бугарија, 6 мај 1920 - Скопје, 1 април 2015) — македонска оперска певица - споран, уметник од првата генерација и еден од основоположниците на Македонската Опера и Балет.[1]

Била сопруга на Петар Икономов, македонски биололог.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Икономова е родена на 6 мај 1920 година во Велико Трново, Бугарија. Дипломирала на Софиската музичка академија во 1944 година. Солист во Операта на МНТ била во периодот од 1948 до 1975 година. Дебитирала во 1948 година со улогата на Неда во операта Палјачи. Остварила повеќе од 30 улоги од кои позначајни се: Блонда (Грабнување од сарајот), Мизета (Боеми), Елизета (Таен брак), Марцелина (Фиделио), Ѓула (Еро од оној свет), Мица (Аналфабет), Џулиета (Хофманови приказни). Гостувала со ансамблите на Операта на МНТ во поголемите музички центри на поранешна Југославија и во Романија. Починала во Скопје на 1 април 2015 година.[2]

  1. Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. Почина оперската солистка Фанка Икономова. Архивирано од изворникот на 2015-04-03. Посетено на 2015-04-01.