ФК Стење

Координати: 40°56′7″N 20°55′8″E / 40.93528° СГШ; 20.91889° ИГД / 40.93528; 20.91889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на теренот на ФК „Стење“, сместен пред селото

ФК Стењемакедонски фудбалски клуб од истоименото село, Општина Ресен. Клубот е создаден во 1971/72 година, под името „Граничар“, бидејќи во непосредна близина се наоѓа граничниот премин „Стење“ кон Албанија.

Фудбалскиот клуб „Стење“ во 2005 година направил измена на своето име и се соединил со фудбалскиот клуб „Братство“. Но, фудбалскиот клуб „Стење-Братство“ во 2009 година го вратил своето старо име ФК „Стење“ со нов претседател и управен одбор. Фудбалскиот клуб „Стење“ во 2009/10 година настапувал во Општинската фудбалска лига во Ресен.

40°56′7″N 20°55′8″E / 40.93528° СГШ; 20.91889° ИГД / 40.93528; 20.91889