Упсалски општ каталог
Упсалски општ каталог на галксии (англиски: Uppsala General Catalogue of Galaxies, крат. UGC) — каталог на вкупно 12.921 галаксија видлива од северната полутопка. Првпат е објавен во 1973 г.[1]
Во каталогот се објавени сите галаксии северно од деклинацијата -02°30' и до ограничувачки пречник од 1,0 лачна минута или привидна величина од 14,5. Главен извор на податоци се тлоцртите на од Прегледот на небото (Sky Survey) на Паломарската опсерваторија (POSS). Опфатени се и галаксии помали од 1,0 лачна минута во пречник, но посјајни од 14,5 од Каталогот на галаксии и галактички јата (CGCG).
Содржи описи на галаксиите и нивните околни подрачја, пречниците, како и класификации и положбени агли за зарамнетите галаксии. Координатите се уточнети само до степен достатен за распознавање на објектот.
Прилог
[уреди | уреди извор]Во каталогот има и прилог, наречен „Прилог кон Упсалскиот општ каталог“ (Uppsala General Catalogue Addendum или UGCA).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Peter Nilson. „The Uppsala General Catalogue of Galaxies“. Посетено на 2011-01-30.