Прејди на содржината

Упростено кинеско писмо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Упростен кинески јазик)
Упростено кинеско писмо
Тип
Период
од 1956
Правец на пишувањеод лево кон десно Уреди на Википодатоците
Јазицикинески
Сродни писма
Матични системи
Сродни системи
канџи, ќи ном, ханча, киданско, џујин
ISO 15924
ISO 15924Hans, 501 Уреди на Википодатоците, ​Han (Simplified variant)
Уникод
 Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА).

Упростени кинески знаци (кин. упр. 简体字 трад. 簡體字; пинјин: Jiǎntǐzì) се стандардизирани кинески знаци пропишани во „Список на општоприсутни знаци во современиот кинески јазик“ во Кина. Заедно со традиционалните знаци, ова е стандардниот збир знаци на пишаниот кинески јазик. Владата НР Кина го вовела системот уште во 1950-тите години како мерка описменување на населението.[1] Упростеното писмо е службено во НР Кина и Сингапур.

Традиционалните знаци се користат во Хонгконг, Макао и Тајван, како и добар дел од кинеската дијаспора.

Упростените знаци службено се нарекуваат 简化字 (Т: 簡化字, џиенхуаце),[2] а разговорно се наречени 简体字 (Т: 簡體字, џиентице).[3] На самиот почеток на големиот потфат за упростување во 1952 г. Мао Цетунг изјавил дека упростувањето ќе се состои од измена на структурата на знаците, и значително намалкување на нивниот број.[4]

Упростените облици на знаците се создадени со намалување на бројот на потези и поедноставување на општиот облик на голем дел од традиционалните знаци. Некои од упростувањата се водат според народните раскописни облици, кои самите претставуваат поедноставувања на графичките и фонетските елементи на традиционалните облици. Некои знаци се упростени со примена на еднообразни правила, како на пр. заменувајќи ги сите јавувања на извесен дел со негова упростена верзија. Онаму каде што има повеќе знаци со ист изговор и значење (хомоними) се сведени на само еден, обично најпростиот. Сепак, треба да се напомене дека постојат многу знаци што остануваат неизменети и изгледаат исто како во традиционалниот стандард.

Некои упростени знаци изгледаат мошне различно од традиционалните облици, особено кај оние каде извесен дел е заменет со со произволен прост симбол.[5] Со ова, противниците на упростување што не се упатени во методите да речат дека целото упростување е произволно.[6][7] При упростувањето се применуваат впрочем малку правила и сите се доследни.[8] Од друга страна, поборниците за упростување честопати посочуваат неколку посебно избрани знаци како генијални изуми, но тие се впрочем варијанти што постоеле стотици години.[9] Расправата за упростувањето на знаците продолжува и денес.

Во 1977 е воведено второ коло на упростувања, но истото е повлечено од повеќе причини. Иако веќе долго време нема значајни промени во писмото, владата никогаш се нема официјално изјаснето дека се откажува од понатамошно упростување. Во август 2009 г, надлежните почнале да го испитуваат јавното мислење по предложен список на изменети знаци.[10][11][12][13]

Упростувањето на знаците е извршено и во Сингапур и Малезија, кои имаат бројно кинеско население.

Историјат

[уреди | уреди извор]

Иако највеќето упростени знаци од денешното писмо се плод на напорите на владата и државните установи на НР Кина во 1950-тите и 60-тите, упростувањето на знаците е покренато пред создавањето на денешна Кина (1949). Упростените облици во ракописното писмо и во печатот постојат од многу дамнешни времиња, барем од периодот на династијата Ќин (III век п.н.е.).

Првото коло на упростување воведено во 1935 г. опфаќало 324 знаци.

Еден од првите поборници за упростување на писмото бил просветниот деец Луфеј Куј, кој во 1909 г. предложил во образованието да се користат упростени знаци. Во периодот веднаш по Четворомајското движење (1919), многу од интелектуалците што се бореле против царскиот систем сега правеле напори за да ја осовременат земјата. Традиционалните вредности како конфуцијанството биле отфрлени како угнетувачкии заостанати, а дотогашното писмо го сметале за голема пречка во развојот на државата, настојувајќи да го упростат или сосема отфрлат постоечкото писмо. Водачот на движењето, Фу Сениен, ги нарекол знаците „писание на воловски ѓаволи и змиски божества“[14] Истакнатиот писател Лу Син изјавил дека „доколку не ги уништиме кинеските знаци, Кина ја чека смрт.“ Се смета дека во тоа време, знаците се сметале и за причина за економските проблеми на земјата.[15]

Во 1930-тите и 1940-тите се развила дискусија за упростување на писмото во рамките на Куоминтангот. Голем број интелектуалци и дејци веќе подолго време биле на ставот дека упростувањето на знаците е нужно за масовното описменување на населението.[16] Јазичарот Чиен Сјуентунг составил список од 324 упростени знаци кои биле воведени во 1935 г. како „прво коло на упростување“, но наредната година истите биле повлечени.

Народна Република Кина го вовела првото коло на упростувања со уредба во два документа, едниот во 1956, а другиот во 1964 г. Во овој период се појавиле и мешани (полуупростени) знаци кои имале краткотрајна преодна улога за да го олеснат усвојувањето на новите знаци.

Понатамошното упростување во НР Кина е во потесна врска со левичарството во Културната револуција, од кое произлегло второто коло на упростување, прогласено во 1977 г. Интелектуалците што биле против ова упростување биле прогласувани за десничари. Еден од нив, Чен Менгџиа, дури и извршил самоубиство.[17] Ова второ коло имало слаб успех во јавноста, делумно поради потресноста на Културната револуција и смртта на Мао Цетунг, па затоа во 1986 г. овие знаци биле повлечени. Подоцна истата година, надлежните објавиле нов правопис со само шест измени од оној од 1964 г, меѓу кои и повраток на традиционалниот облик на три претходно упростени знаци.

Во НР Кина постоеле и обиди за целосно заменување на кинеското писмо со латиничниот пинјин, но идејата не наишла на слух. По повлекувањето на второто коло на упростување, владата решила повеќе да не го упростува писмото. Во 2009 г. е објавена голема преработка на 8.300 знаци во која немало нови упростувања, туку други измени: вратен е традиционалниот облик на 6 знаци и воведен е уште 51 знак што дотогаш важеле за нестандардни варијанти. Покрај ова, 44 знаци претрпеле ситни измени во правописот (како обликот на потезите). Во овој проглас исто така се нагласува дека отсега упростувањето на ретко употребуваните и малку познати знаци по аналогија на клучот е непожелно. Во истиот период, надлежите побарале мислења од јавноста.[18]

Метод на упростување

[уреди | уреди извор]
Структурно упростување на знаците (Т:字型結構簡化; У:字型结构简化)
Сите вака упростени знаци се наведени на Табела 1 и Табела 2 на „Целосен список на упростени знаци“ (简化字总表[мртва врска], 1986).
  • На Табела 1 се наведени сите 350 знаци што се користат самостојно и не можат да служат како „упростени составни делови“ (簡化偏旁 или упростен клучни делови).
  • На Табела 2 се наведени 132 знаци што се користат и самостојно и како упростени составни делови за понатамошно изведување на други упростени знаци. На табелата има и 14 составни делови наречени „клучеви“ (радикали) што не се користат самостојно, но можат да се воопштат за изведување на посложени знаци.
Изведување според упростени составни делови (Т:簡化字與簡化偏旁之延伸與應用; У:简化字与简化偏旁之延伸与应用)
  • Chart 3 list 1,753 characters which are simplified based on the same simplification principles used for character components and клучеви in Chart 2. This list is non-exhaustive, so if a character is not already found in Chart 1, 2 or 3, but can be simplified in accordance with Chart 2, the character should be simplified.
Отфрлање на варијанти на истиот знак (Т:廢除異體字; У:废除异体字)
  • Првиот збир од Приредниот список на варијантни знаци (Т:第一批異體字整理表; У:第一批异体字整理表 е одговорен за извесни правописни разлики помеѓу Кина од една страна и Хонгконг и Тајван од друга. Овие не претставуваат структурни упростувања, туку намалување на вкупниот број на стандардни знаци. Кога знакот има повеќе варијанти со ист изговор и значење, се избира еден (обично најпростиот) и станува стандарден, а другите се отфрлаат. По повеќе преработки, до 1993 г. се отфрлени 1.027 варијантни знаци. Меѓу избраните варијанти, оние што се наведени во „Целосен список на упростени знаци“ исто така се упростуваат по структура.
Усвојување на нови стандардни облици на знаците (Т:採用新字形; У:采用新字形)
  • Новите стандардни облици на знаците (新字形, сјин цесјинг) произлегуваат од „Список на општокористени знаци во облик наменет за издаваштвото“ од 1965 г. што опфаќа 6.196 знаци. Новите облици претежно усвојуваат простонародни варијанти кај највеќето знаци. „Список на општоприсутни знаци во современиот кинески јазик“ (1988) содржи 7.000 знаци во општа употреба Архивирано на 13 мај 2011 г. и го заменува списокот од 1965 г. Бидејќи новите облици се водат според простонародните варијанти, многу од знаците сега изгледаат малку поедноставно од старите, и како такви на многумина им изгледаат на структурно упростени знаци.

Структурно упростување на знаците

[уреди | уреди извор]

Сите вака упростени знаци се наведени на Табела 1 и Табела 2 од Целосниот список на упростени знаци. Знаците од обете табели се структурно упростени според слични начела. Поделени се во две табели за да се означат оние што се употребливи како упростени составни делови, според кои е добиена Табела 3.[19]

Замена на еден знак со друг постоечки знак што звучи исто или слично:

; ; ; ; ; 乾、幹; ; итн.

Употреба на печатни облици на ракописни знаци (草書楷化):

; ; ; ; ; ;; ; ; ; ; ; ; ; ; итн.

Замена на составен дел од знак со прост симбол како и :

; ; ; ; ; ; ; ; ; итн.

Исфрлање на цели составни делови:

广; ; ; ; ; ; ; ; ; ; ; итн.

Дополнителна измена на знакот по исфрлањето на извесни составни делови:

; ; ; ; ; итн.

Запазување на основните контури на изворниот знак

; ; 齿; ; ; итн.

Замена на фонетскиот дел од фоносемантичките сложени знаци:

; ; ; ; ; итн.

Замена на некој произволен дел од знакот со фонетски дел, претворајќи го во нов фоносемантички сложен знак:

; ; 歷、曆; ; итн.

Замена на целиот знак со новосоздаден фоносемантички сложен знак:

; ; ; ; итн.

Усвојување на малку познати древни облици или варијанти:[20]

; ; ; ; ; ; ; ; ; ; итн.

Усвојување на древни простонародни варијанти:[20]

; ; ; ; ; ; итн.

Преусвојување на знаци на фонетски заемки:

; ; ; итн.

Изведувањe според упростени составни делови

[уреди | уреди извор]

Based on 132 characters and 14 components listed in Chart 2 of the Целосен список на упростени знаци, the 1,753 'derived' characters found in the non-exhaustive Chart 3 can be created by systematically simplifying components using Chart 2 as a conversion table. While exercising such derivation, following rules should be observed:

  • „Целосен список на упростени знаци“ користи составни делови од знаци, а не традиционалната определба по клучеви. Под составен дел се подразбира секој замислив дел од знакот, без оглед на неговата положба во истиот, или пак големина во однос на некој друг во знакот. На пример, во знакот , за составен дел се смета не само (традиционален клуч), туку и .
    • Секој од 132-та упростени знака на Табела 2, кога се користи како составен дел во сложени знаци, систематски ги упростува сложените знаци на точно истиот начин на кој е упростен самиот знак на Табела 2. На пример, е упростен на Табела 2 во . Согласно истото начело, можат да се направат следниве изведувања: ; ; ; итн.
    • 14-те упростени составни делови од Табела 2 никогаш не се користат посебно како самостојни знаци, туку само како составни делови. Примери за изведено упростување според составниот дел 𦥯, упростено во 𰃮 () се следниве: ; ; ; итн.
  • На Табела 1 се составени 352 упростени знаци што начелно не можат да е користат како составни делови. Дури и во ретките случаи каде знак од Табела 1 може да се сретне како делче од сложен знак, сложениот знак не може да се упрости на истиот начин. На пример, е упростен на Табела 1 во , но не може да се упрости во 「衤习」.
  • Еден знак кој е веќе јасно наведен како упростен во „Целосен список на упростени знаци“ не може да се упростува по друг пат врз основа на изведување. На пример, и се упростени на Табела 1 во и , и затоа не можат поинаку да се упростуваат со изведување преку и на Табела 2 во 「单戈」 и 「讠夸」. е упростен на Табела 2 во , и затоа не може поинаку да се упростува преку на Табела 2 како 「辶呙」.

Sample Derivations:

𦥯𰃮 (), па така ; ; ; итн.
, па така ; ; ; итн.
, па така ; ; ; ; итн.
, па така ; ; ; итн.
, па така ; ; ; ; итн.

Отфрлање на варијанти на истиот знак

[уреди | уреди извор]

Во „Прв збир од Приредниот список на варијантни знаци“ се намалува вкупниот број на стандардни знаци. Кога знакот има повеќе варијанти со ист изговор и значење, се избира еден (обично најпростиот) и станува стандарден, а другите се отфрлаат. Меѓу избраните варијанти, оние што се наведени во „Целосен список на упростени знаци“ исто така се упростуваат по структура. Еве некои примери:

Просто поедноставување на истоветни варијанти:

; ; ; ; 虖、嘑、謼; итн.

При изборот на стандардни знаци, почесто се претпочитаат древните варијанти со проста структура:

; ; 災、烖、菑; итн.

Простонародни облици со попроста структура:

; ; ; 獃、騃; итн.

Избраната варијанта е веќе упростена на Табела 1:

; ; 唘、啓; 鬦、鬪、鬭; ; ; итн.

Во извесни случаи, избраната варијанта е всушност посложена од онаа што се отфрла бидејќи мора да се земе предвид и вкупниот број на знаци што треба да се добие. Пример е знакот , кој е отфрлен за сметка на варијантата . Треба да се напомене дека клучот „рака“ , со три потези лево од отфрлениот знак сега се смета за „посложен“, јавувајќи се како клучот „дрво“ со четири потези во избраната варијанта .

Усвојување на нови стандардни облици на знаците

[уреди | уреди извор]

Новите стандардизирани облици на знаците започнати во „Список на општокористени знаци во облик наменет за издаваштвото“ и преработени во „Список на општоприсутни знаци во современиот кинески јазик“ најчесто усвојуваат простонародни варијантни облици. Since the new forms take простонародни variants, many characters now appear Бидејќи новите облици се водат според простонародните варијанти, многу од знаците сега изгледаат малку поедноставно од старите и затоа многумина погрешно мислат дека се работи за структурно упростени знаци. Еве некои примери:

Традиционалниот составен дел се претвора во :

; ; итн.

Традиционалниот составен дел се претвора во :

; ; итн.

Традиционалниот потег „пречка“ се претвора во потегот „точка“:

; ; итн.

Традиционалниот составен дел , а се претвора во :

; ; итн.

Традиционалниот составен дел се претвора во :

; ; итн.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 教育部就《汉字简化方案》等发布 50 周年答记者提问 Педесетгодишница од објавувањето на Планот за упростување на знаците и конференција за печат.
  2. Погл. службените списи zh:汉字简化方案, zh:简化字总表 итн.
  3. Називот zh:简体字 се однесува на упростувањето на структурата на знакот. Овој облик на упростени знаци постои веќе илјадници години заедно со посложените редовни знаци. Од друга страна, 简化字 значи „упростени знаци“, каде се подразбираат разни приоди на упростување, покрај самата структура.
  4. 書同文 :《漢字簡化方案》制訂始末,黄加佳,新华网 — Подробен историјат на потфатите за упростување на кинеските знаци
  5. Некои примери за знаци каде извесен составен дел е заменет со произволен прост симбол се: 对(對)、邓(鄧)、观(觀)、欢(歡).
  6. На пример, погледајте ја верзијата на истава статија на англиски јазик од 9 мај 2011 и кинеската верзија од 28 април 2011 (поднаслов за метод на упростување).
  7. Во неговата книга, Пенг Сјаоминг не сфаќа дека 又 не се користи како упростено делче (簡化偏旁), па затоа ја исмева наводната недоследност на примената на 又 во 欢, 汉, 仅 итн. Авторот исто така дава грешна претстава за основаноста на упростувањето на 團, како и за оние добиени од ракописните знаци. Погл. zh:簡化字#簡化方法 и образложенијата во изворните службени списи како 简化字总表. 彭小明,《漢字簡化得不償失》,香港:夏菲爾國際出版公司,2008年01月,ISBN 9789629380687
  8. Погл. zh:簡化字#簡化方法
  9. На пример, во '17个角度看到繁简体汉字 (经济观察网)' (I дел и II дел), академикот Пеј Ји го велича упростениот знак 体 како невидено остроумен нов изум, но познато е дека знакот постои од многу одамна (погл. 康熙字典「体」).
  10. [https://web.archive.org/web/20090815131513/http://www.china-language.gov.cn/gfhzb/gfhzb/gong_gao.html Архивирано на 15 август 2009 г. Архивирано на 15 август 2009 г. Архивирано на 15 август 2009 г. Архивирано на 15 август 2009 г. Архивирано на 15 август 2009 г. Архивирано на 15 август 2009 г. Архивирано на 15 август 2009 г. 关于《通用规范汉字表》公开征求意见的公告] Архивирано на 15 август 2009 г.. 18 август 2009
  11. 汉字,该繁还是简? од „Народен дневник“ (人民日报), 9 април 2009
  12. 专家称恢复繁体字代价太大 新规范汉字表将公布 од „Пекиншки новости“ (新京报), 9 април 2009
  13. [1]
  14. 牛鬼蛇神的文字, ниугуј шешен де венце
  15. Yen, Yuehping. [2005] (2005). Calligraphy and Power in Contemporary Chinese Society. Routledge. ISBN 0-415-31753-3
  16. „简化字的昨天、今天和明天“. Архивирано од изворникот на 2011-07-14. Посетено на 2013-07-01.
  17. Peter Hessler, Oracle Bones, Harper Collins, New York, 2006. ISBN 0-06-082658-4.
  18. Кина употребата на упростени знаци“, China View, 12 август 2009 (англиски)
  19. Сите тука наведени примери се преземени од 简化字#字型結構簡化#簡化方法, каде сите ставки имаат свои стручни извори.
  20. 20,0 20,1 Ова е мошне слично на „oтфрлање на варијанти на истиот знак“ од „Прв збир од Приредниот список на варијантни знаци“, освен што овие отфрлања се прават на Табела 1 Табела 2 од „Целосен список на упростени знаци“. Знаците упростени на Табела 2 можат понатаму да се користат за изведување на Табела 3, но оние избрани во „Прв збир од Приредниот список на варијантни знаци“ не можат.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]