Упад во американскиот Капитол (2021)
На 6 јануари 2021 година, илјадници поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп беа во главниот град Вашингтон, за да протестираат против резултатите од претседателските избори во 2020 година. Присутните на митингот имаа можност да слушнат неколку соработници на Трамп, а потоа и самиот претседател. Трамп им повтори на своите поддржувачи дека изборите се наместени и ги насочи да се упатат кон Капитол — зборно место на Конгресот на САД и седиште на законодавната гранка на федралната влада на САД — каде Конгресот ги броеше гласовите на Изборниот колегиум за да го потврди новиот претседател на Соединетите Американски Држави. Протестите пред зградата прераснаа во немири во кои беше нападната полицијата, а бунтовниците успешно упаднаа во зградата.