Уна (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уна
АвторМомо Капор
ЗемјаСоцијалистичка Федеративна Република Југославија Југославија
Јазиксрпски
Жанрљубовен
ИздавачЗнање од Загреб
Издадена
1981 (оригинал)

„Уна“љубовен роман на Момо Капор. Книгата била објавена во 1981 година од издавачката куќа „Знање“ од Загреб. Романот ја раскажува приказната за романса помеѓу младата, убава и интелигентна студентка Уна Војводиќ и нејзиниот професор Мишел Бабиќ.

Филм Уна[уреди | уреди извор]

Врз основа на романот во 1984 година бил снимен филм, во кој улогите на Уна и професорот Бабиќ ги толкувале Соња Савиќ и Раде Шербеџија. Сценариото го напишал Небојша Пајкиќ според текстот на Капор, додека филмот го режирал Милош Радивојевиќ.