Амам

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Турска бања)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Турска бања, амам

Амам (турски: hamam) или турска бања — варијанта на парна бања, сауна или руска бања

Секој амам содржел пет групи простории: шадрван (гардероба) со квадратна основа, капалук (дел за адаптација) со правоаголни основи, халвет (простор за капење) еден квадратен простор на кој може да се надоврзат повеќе мали простории, хазна (водосклад) и ќулхан (ложиште). Во халветот по обемните ѕидови се изградени камени банкини и камени корита – курни. Амамите покривани се со куполи и сводови. Осветлувањето е зенитално. Градени се од камен и тула. Затоплувањето е подно и преку ѕидовите. Внатрешноста била украсувана со декоративна пластика, главно, во тромпите, во лаковите и во горните ѕидни партии.

Амамите биле градени како двојни, т.н. чифте амами со посебни делови за жени и за мажи или како едноделни. Познати се Чифте амам (XV) и Даут-пашин амам (1489–1497) во Скопје (и двата адаптирани во уметнички галерии), амамот Дебој (XVI в.) во Битола, Воска амам во Охрид, амамот во Тетово и др.[1][2][3][4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. М. Здравковиќ, Рестаурација и адаптација Даут-пашиног амама у Скопљу, Зборник заштите споменика културе, 1, Београд, 1950, 45-56
  2. И. Здравковиќ, Избор граѓе за проучавање споменика исламске архитектуре у Jугославији, Београд, 1964
  3. K. Tомовски, Амамот Дебој во Битола, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија, Скопје, 1975, 263-270
  4. K. Tомовски, Конзерваторски и реставраторски работи на Чифте амамот во 43 A AМAМ Скопје, „Културно наследство“, 5, Скопје, 1973, 1-5
  5. Л. Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998, 169-195