Трjaвна

Координати: 42°51′57.97″N 25°29′30.88″E / 42.8661028° СГШ; 25.4919111° ИГД / 42.8661028; 25.4919111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Трjaвна
Трявна
град
Саат кулата, Грбавиот мост и преродбеничките куќи во Трјавна
Саат кулата, Грбавиот мост и преродбеничките куќи во Трјавна
Грб на Трjaвна
Трjaвна is located in Бугарија
Трjaвна
Трjaвна
Местоположба на Трjaвна во Бугарија
Координати: 42°51′57.97″N 25°29′30.88″E / 42.8661028° СГШ; 25.4919111° ИГД / 42.8661028; 25.4919111
ЗемјаБугарија
ОбластГаброво
ОпштинаТрjaвна
Управа
 • ГрадоначалникСилвија Крстева (ВМРО-БНД)
Површина
 • Вкупна16,12 км2 (6,22 ми2)
Надм. вис.&10000000000000434000000434 м
Население (2022)
 • Вкупно8.462
 • Густина520/км2 (1,400/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код5400
Повик. бр.+359 0675
Мреж. местоtryavna.bg

Трjaвна (бугарски: Трявна) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Трjaвна во Габровската Област. Има население од околу 8.462 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во долината на Тревненска Река, во северното подножје на Тревненска Планина дел од Стара Планина, на 20 километри источно од регионалниот центар Габрово, 226 километри од главниот град Софија.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите веродостојни податоци за постоењето на Трјавна се пронајдени во османлиските даночни регистри, каде што името на Трјавна првпат се споменува во 1565 година. Во годините на османлиската власт, жителите имале должност да го чуваат патот низ Балканот до Одрин и Цариград. За возврат, тие ја уживаа привилегијата да не плаќаат одредени даноци и да не дозволуваат Турците да се населат во населбата. Духовната слобода освоена на овој начин придонесува за понатамошен развој на градот.

Во текот на 18-19 век, Трјавна станала економски и културен центар на регионот. Тревненските мајстори главно биле активни во областа на градежништвото, резбарството и сликарството. Така се родила, развила и процветала најстарата преродбеничка уметничка школа во бугарските земји — Тревненската школа. Се градиле куќи, училишта и цркви, мајстори и копаничари создавале свои еснафски здруженија и го потврдувале влијанието на уметничката Тревненска школа.[2]

Во 19 век тука се родени револуционерот Ангел К’нчев и поетот Пенчо Славејков.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]