Труење со јаглерод моноксид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Труење со јаглерод моноксид
A carbon atom (shown as a grey ball) tripled bonded to an oxygen atom (shown as a red ball).
Јаглерод моноксид
СпецијалностТоксикологија, ургентна медицина
СимптомиГлавоболка, вртоглавица, слабост, повраќање, градна болка, конфузија[1]

Труење со јаглерод моноксид вообичаено се случува поради вдишување на поголемо количество на јаглерод моноксид (CO).[2] Симптомите често се опишуваат како „слични на грип“ и вообичаено вклучуваат главоболка, вртоглавица, слабост, повраќање, градна болка, и конфузија.[1] Изложеност на поголеми количини може да резултира со губиток на свест, аритмија, напади, и смрт.[1][3] Класично опишуваната „црвена како цреша кожа“ ретко се случува.[3] Долготрајните компликации вклучуваат чувство на замор, проблеми со меморијата и движењето.[4] Кај лица изложени на чад, во предвид треба да се земе труење со цијанид.[3]

Труење со јаглерод диоксид може да настане случајно или како обид за самоубиство.[5] CO е гас без боја и мирис, кој иницијално не предизвикува иритација.[4] Се создава при нецелосно согорување на органската материја.[4]

Знаци и симптоми[уреди | уреди извор]

Јаглеродниот моноксид не е токсичен за сите форми на живот. Неговите штетни ефекти се должат на врзувањето со хемоглобинот, па неговата токсичност кај организми кај кои не е присутен хемоглобинот е нејасна. На тој начин нема влијание врз растенијата кои вршат фотосинтеза.[6] Лесно се апсорбира од белите дробови.[7] Инхалирање на гасот може да доведе до хипоксична повреда, оштетување на нервниот систем, па дури и смрт. Различни луѓе и популации можат да имаат различни нивоа на толеранција на јаглерод моноксид.[8] Во просек, изложеноста на 100 ppm или повеќе е опасна по здравјето на луѓето.[9]

Акутно труење[уреди | уреди извор]

Симптоми на труење со CO

Главни манифестации на труење со јаглероден моноксид се јавуваат во органските системи кои најмногу зависат од кислородот, централниот нервен систем и срцето.[10] Иницијални симптоми се главоболка, наузеа, малаксаност и замор.[11]

Хронично труење[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CDC2015FAQ.
  2. Schottke, David (2016) (на en). Emergency Medical Responder: Your First Response in Emergency Care. Jones & Bartlett Learning. стр. 224. ISBN 978-1284107272. https://books.google.com/books?id=gGCHDQAAQBAJ&pg=PA224. посет. 2 јули 2017 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Guzman, JA (октомври 2012 г). Carbon monoxide poisoning.. „Critical care clinics“ том  28 (4): 537–48. doi:10.1016/j.ccc.2012.07.007. PMID 22998990. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Bleecker, ML (2015 г). Carbon monoxide intoxication. „Handbook of clinical neurology“. Handbook of Clinical Neurology том  131: 191–203. doi:10.1016/B978-0-444-62627-1.00024-X. ISBN 978-0444626271. PMID 26563790. 
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Buck2011.
  6. „Carbon monoxide“. ernet.in. Архивирано од изворникот на 2014-04-14. 
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Ernst.
  8. Carbon monoxide poisoning-a public health perspective. „Toxicology“ том  145 (1): 1–14. април 2000 г. doi:10.1016/S0300-483X(99)00217-6. PMID 10771127. 
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Prockop.
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Kao.
  11. Pathophysiology and treatment of carbon monoxide poisoning. „Journal of Toxicology. Clinical Toxicology“ том  32 (6): 613–29. doi:10.3109/15563659409017973. PMID 7966524. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори