Трајанка Тодорова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трајанка Тодорова (Велес, 1 септември 1946) — македонска писателка. Живее и твори во Велес.

Животопис[уреди | уреди извор]

Трајанка Тодорова е родена во 1946 година во с. Пеширово во близина на Свети Николе. Средно образование завршува во Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес и студиите на Виша Педагошка школа во Скопје. Целиот свој работен век го поминува во АД „Жито Вардар“ во Велес. Со поетско творештво се занимава од првите школски години и продолжува во годините на нејзиното образование и сега како пензионер. Љубовта кон поезијата е нејзин постојан придружник.

Творештво[уреди | уреди извор]

Член е и еден од основачите на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес. Нејзините песни се објавени во повеќе литературни списанија, зборници, алманаси а дел од нив се преведени на српски јазик. Учествува на голем број културни манифестации и литературни читања во Општина Велес и во други градови во Р Македонија. Застапена е и во книгата Убавите жениː Жената во современата македенска поезија од Васил Тоциновски.

Авторка е на следниве стихозбиркиː

  • „Задоцнета пролет“ (2000)
  • „Немир и неспокој“ (2002)
  • „Прозорец во душата“ (2014).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]