Озборувачка (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Трачарка (ТВ серија))
Прејди на: содржини, барај
Озворувачка
Gossip Girl
Gossip Girl title card.jpg
Озборувачка насловното лого
Формат Тинејџерска драма
Комедија
Развиена од Џош Шварц
Стефани Саваџ
Настапуваат Блејк Лајвли
Лејтон Мистер
Пен Беџли
Чејс Крафорд
Тејлор Мамсен
Ед Вествик
Џесика Сзор
Кели Ратерфорд
Метју Сетл
Раскажувано од Кристен Бел
Најавна песна Transcenders
Композитор(и) Transcenders
Земја на потекло САД
Број на сезони 6
Број на епизоди 121 (Листа на епизоди)
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Џош Шварц
Стефани Саваџ
Боб Леви
Лесли Морџенстин
Џон Стивенс
Емитување
Канал на емитување The CW
Емитување 19 септември, 2007 – 17 декември, 2012 година
Официјална Веб-страница

Озборувачка (англиски: Gossip Girl) е aмериканска драмска телевизиска серија базирана на истоимениот серијал од книги напишан од Сесили вон Зиџезар. Серијата е направена од страна на Џош Швартц и Стефани Саваџ и за прв пат почнала да се прикажува на 19ти септември 2007 година, додека пак нејзината последна епизода од нејзината последна шеста сезона е прикажана на 17ти декември 2012 година. Раскажувано од сезнајната сè уште невидена блогерка „Озборувачка“, дејството во серијата се врти околку животите на богати тинејџери од едно елитно приватно училиште. Серијата започнува со враќањето на Серена Ван Дер Вудсен (Блејк Лајвли) од непозната причина од училиштето во Конектикат. Блер Валдорф (Лејтон Мистер), која е претставена како кралица на популарноста во училиштето е долгогодишна пријателка, а сега ривалка на Серена.Приказната исто така го следи и животот на Чак Бас (Ед Вествик), "маалското" лошо момче, Нејт Арчибалд (Чејс Крафорд), најдобриот пријател на Чак и некои други споредни ликови кои по игра на случајот се вмешуваат во оваа приказна: Ден Хамфри (Пен Беџли), пријателот на Нејт и Ванеса Абрамс (Џесика Сзор), најдобриот пријател на Ден и неговата амбициозна сестра Џени (Тејлор Мамсен).

Епизоди[уреди | уреди извор]

Секоја епизода започнува со блог страница на Озборувачката со сликата на Серена. Потоа се покажуваат повеќе настани и повторно се враќа истата блог страница меѓутоа овојпат на неа има слика од некој друг карактер и коментар во врска со некоја случка. Нараторот е секогаш Озборувачката чиј глас го исполнува Кристен Бел. Таа секогаш ја започнува епизодата со реченицата "Озборувачката тука, вашиот единствен и најдобар извор за скандалозните животи на елитата на Менхетн" и обично ја завршува епизодата со "Знаете дека ме сакате, ХоХо, Озборувачка."

Сезони[уреди | уреди извор]

Телевизиската серија - Озборувачка има вкупно 6 сезони и 121 епизода. Прва сезона 2007-2008 година, Втора сезона 2008-2009 година, Трета сезона 2009-2010 година, Четврта сезона 2010-2011 година, Петта сезона 2011-2012 година, Шеста сезона 2012 година.

Првата сезона има вкупно 18 епизоди, Втората сезона има 25 епизоди, Третата сезона има 22 епизоди, Четвртата сезона има исто така 22 епизоди, Петтата сезона има 24 епизоди, додека пак Шестата воедно и последната сезона од овој серијал има само 10 епизоди.

Локации на снимање[уреди | уреди извор]

Телевизиската серија - Озборувачка поради својата огромна популарност која што ја стекна при емитувањето на своите вкупно шест сезони, беше причината поради која оваа телевизиска серија се снимаше на повеќе локации на повеќе континенти. За почеток главното дејство во оваа телевизиска серија се одвива во Њујорк, поточно во Менхетен и Бруклин. Но на големо изненадување на обожавателите, дел од четвртата сезона од - Озборувачка беше снимана и во Париз, Франција. Првите неколку епизоди од петтата сезона, беа снимани во Лос Анџелес, Калифорнија.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]