Прејди на содржината

Транспирација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стоми во лист од домат.
Облаците во оваа слика од Амазонската дождовна џунгла се резултат од транспирација .

Транспирација е испарување на водата кај растенијата, најголем дел кај листовите, но исто така и кај стеблото, цветот, коренот. Најпрво растенијата ја примаат водата заедно со минералните соли преку коренот, потоа тие со помош на кореновиот притисок се искачуваат по стеблото. Тое се искачуваат низ спроводните цевчиња (ксилемот) и одат сè до листот каде што преку стомите кои се наоѓаат на задната страна од листот се исфрла водата. Минералните соли остануваат во растението за да ги изградат клеточните структури. Преголема транспирација е штетна за растението поради тоа што тоа може да умре. На листопадните растенија им паѓаат листовите поради тоа што земјата е влажна и тие можат да изгубат големо количество на вода преку транспирацијата.

Транспирација ( латински ; transpiriro _ испуштам , издишувам ) е процес на оддавање на водата во вид на водена пареа . Од преголема транспирација растенијата ги затвораат стомите , со тоа што растението почнува да се суши и да венее . Стомите имаат функција на размена на гасови и го регулираат оддавањето на водената пареа , а тоа е транспирацијата . Кај голем број на растенија стомите се отвораат за изгреј сонце , а се затвораат за време на зајди сонце . Услови од кој зависи отворањето и затворањето на стомите се : сончева светлина , вода , јаглерод диоксид и топлинска енергија . Како заштита од преголема транспирација , растенијата : ги затвораат стомите , листови во вид на игличка ( пример : голосемени растенија ) , дебела кутикула на латински : kutis _ кожа ( дебела кутикула има фикусот ) , листови во вид на боцки ( пример : кактуси ) и паѓање на листови ( пример : листопадни растенија ) .

Објаснување

[уреди | уреди извор]

Процесот на транспирација се одвива на тој начин што молекулите на водата што се присутни во набабрените клеточни ѕидови од епидермалните клетки, ги напуштаат интермицеларните простори на клеточниот ѕид и излегуваат во воздушната средина. Испуштањето на водата трае сè додека не се изедначи притисокот на водената пара во воздухот и во клеточниот ѕид.
Меѓутоа, тоа се случува ретко, бидејќи дехидрираниот клеточен ѕид, прима вода од протоплазмата, а дехидрираната протоплазма од вакуолата. На тој начин се создава разлика во силата на цицањето на водата, што е последица на разликата во дехидратацијата во одделни клеточни структури, што се одвива на ист начин како во примарниот коренов систем само во обратна насока.
Со силата на цицањето епидермалните клетки ја одземаат водата од клетките на мезофилот на листот каде концентрацијата на материите е пониска. По одземањето на водата од нив и тие стануваат поконцентрирани и способни за одземање вода од повнатрешните клетки. Процесот се одвива непрекинато од една до друга клетка сè до спроводните елементи за водата – трахеите и трахеидите, во снопчето на листот, од кои се одзема водата. Одземената вода спроводните елементи ја надополнуваат од клетките на кората на коренот, кои ја примаат водата од почвата преку кореновите влакненца.
Нормален процес имаме кога растението прима повеќе вода отколку што ја испушта со транспирацијата. Во спротивен случај се јавува привремен недостиг на вода во растението што се одразува со свенување на листовите.

Транспирацијата може да биде:

  • стоматална
  • лентицеларна
  • кутикуларна


Во најголема мера транспирацијата се одвива преку стомитестоматална. Испуштањето на водената пара преку стомите се одвива кога тие се отворени. Стомите се отворени додека се тургоресцентни. Тургоресцентноста на стомнините клетки се одржува со приливот на осмотски активните материи (добиени со ензимско разградување на скробот на растворливи шеќери) со чие присуство се покачува концентрацијата на вакуоларниот сок. Со тоа тој станува хипертоничен, а самата клетка способна да ја цица водата од околните клетки. Со прилив на водата, стомнините клетки стануваат тургоресцелатни со што се овозможува отворање на стомниниот отвор. Стоматалната транспирација е процес во кој водената пара пред да излезе од листот преку стомниниот отвор, се наоѓа во меѓуклеточните простори на мезофилот и оттаму дифундира кон отворот (остиолумот) на стомата и преку него во надворешната средина.
За разлика од стоматалната, која се регулира со механизмот на отворање и затворање на отворот на стомата, кутикуларната транспирација претставува процес што не го регулира растението. Таа се одвива кога стомите се затворени, односно во отсуство на стоматалната транспиација. Растенијата од зголемување на кутикуларната транспирација, освен со задебелување на кутикулата, се заштитуваат со образување восочни превлаки и со образување разновидни влакна што го штитат растението од прекумерно загревање.
Лентицеларна транспирација е испуштање на водата преку лентицелите, а се врши кај старите изданоци на дрвенестите растенија. Во однос на другите видови таа транспирација е најслаба.