Традиционална настава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Традиционалната настава или конвенционалната настава е настава која се реализира врз основа на одамна воспоставените обичаи и практики во општеството кои се користат во училиштето. Некои форми на образовната реформа ги поттикнуваат прогресивистичките образовни практики, односно прогресивистичката настава, која претставува похолистички пристап кој се сосредоточува на индивидуалните потреби на учениците и самоконтрола. Според реформистите, традиционалната настава која е сосредоточена на наставникот и која поттикнува учење напамет и меморизација мора да се напушти за сметка на пристапите во учењето кои го ставаат ученикот во центарот и кои се основаат на задолженија.

Во зависност од контекстот, спротивна на традиционалната настава може да биде прогресивистичката современа настава (настава основана на развојната психологија) или алтернативното образование.

Поим[уреди | уреди извор]

Дефинирањето на традиционалната настава зависи од географската положба каде се одвива, како и од историскиот период.

Главна задача на традиционалната настава е да ги пренесе на идните генерации оние способности, факти и стандарди на морално и општествено однесување кои возрасните сметаат дека се потребни за материјалниот и општествен добробит на следните генерации. Како корисници на оваа шема, која прогресивистичкиот педагог Џон Дјуи ја опишува како „наметната од горе и од надвор“, од учениците се очекува доследно и покорно да ги восприемат и да поверуваат во овие неменливи, фиксни одговори. Наставниците се инструменти со кои ова знаење се пренесува и кои ги спроведуваат овие стандарди и однесување.

Од историска гледна точка, главната наставна техника на традиционалната настава е едноставно усно излагање: во еден ваков типичен пристап, учениците седат мирно на своите места и ги слушаат останатите ученици како еден по еден го излагаат (презентираат) наставното градиво, откако ќе бидат повикани да го сторат тоа. Основната активност на наставникот е задавање и ислушување на овие излагања; учениците ги учат и меморизираат задолженијата дома. На крајот на секоја наставна единица може да биде спроведено тестирање или усно испрашување, по што процесот, наречен „задолжение-учење-излагање-тест“, се повторува. Покрај тоа што во овој тип на настава се става преголем акцент на усни одговори, учење напамет (учење без разбирање на значењето), како и на неповрзани задолженија, таа се покажала и како многу неефикасно трошење на времето на учениците и наставниците. Овој традиционален пристап исто така инсистира на тоа дека сите ученици ќе се учат на истиот материјал истовремено; учениците кои не учеле доволно брзо не успевале, наместо да им биде дозволено да успеат со нивното природно темпо.

Традиционалната настава се поврзува со многу посилни елементи на принуда отколку што се чини прифатливо во повеќето култури. Понекогаш вклучува: физички, телесни казни со цел да се одржи дисциплината во училницата, казнување за направените грешки; поттикнување на доминантната религија или јазик; одделување на учениците според полот, расата и општествената класа, како и учење на различни наставни предмети за момчињата и девојчињата.

Споредба[уреди | уреди извор]

Компонента Традиционална настава Друг вид на настава
Лице Насочена кон наставникот: Насочена кон ученикот:
Главна цел Високи оценки на тестовите, матурирање Учење, задржување на наученото, насобирање на знаења и вештини кои вредат
Училница Учениците се поделени по возраст, и можеби по способност. Сите ученици во училницата се учат на истиот наставен материјал. Учениците се динамично поделени според интересот или способноста за секој проект или предмет, со можност за различни групи во секој час од денот. Повеќе возрасти или отворени училници.[1]
Наставни методи Традиционалната настава ги потенцира: Прогресивистичката настава ги потенцира:
  • практичната активност
  • истражување кое го водат учениците
  • групни активности
Материјали Настава основана на учебници, предавања и индивидуални писмени задачи Наставата основана на проекти ги користи сите достапни ресурси, како интернет, библиотека и надворешни експерти
Предмети Индивидуални, независни предмети.

Мала поврзаност меѓу темите[1]

Интегрирани, интердисциплинарни предмети или наставни единици основани на одредена тема, како што е читање на приказна за приготвување на јадење и пресметување на цената на храната.
Содржина Меморизирање на факти, информации; Правилното знаење е клучно Разбирање на фактите, примена на фактите, анализа, евалуација, иновација, критично размислување се клучни
Социјални аспекти На социјалниот развој е посветено малку или воопшто не е посветено време.[1]

Акцент на независното учење. Социјализирањето во основа е обесхрабрено, освен кај воннаставните активности и проекти кои вклучуваат тимска работа.

Посветено е значително внимание на социјалниот развој, како тимска работа, меѓучовечки односи и самосвесност.
Наставен план
  • Единствен и воедначен наставен план за сите ученици, без разлика на нивната способност или интерес.
  • Разновидни класни понуди без следење, така што учениците се здобиваат со образование наменето за нив.
  • При транзицијата од училиште на работа, академски слабите ученици мора да земат напредни часови.

Учениците избираат (или се насочуваат кон) разновидни предмети (часови) според нивните способности или планови за кариера.

Еднаквост
  • Методите за излагање на материјалот и тестирање ги фаворизираат учениците кои претходно се сретнале со материјалот.
  • Потребата за учење или меморизирање надвор од училиштето само по себе врши проверка на домовите, а не на учениците.
  • Учениците кои живеат во дом каде за даден наставен предмет почесто се зборува во секојдневието, или домови каде на учениците им се обезбедува постојана индивидуална помош за да го разберат контекстот, а не само чиста меморизација, имаат значително повисоки резултати на тестовите.
  • Учењето во контекст го интегрира личното знаење со училишната средина.
  • Индивидуализираните очекувања ја поедноставуваат индивидуалната поддршка и го насочуваат фокусот на ученикот.
  • Условите за учење вклучуваат повеќе култури и ги изложуваат учениците на разновидност.
Однос меѓу ученикот и наставникот Учениците често им се обраќаат на наставниците формално, со нивните презимиња. Наставникот се смета за угледна личност во заедницата. Учениците треба да бидат покорни на наставникот. Се потенцира правилно однесување потребно за универзитет или професионалната заедница. Во алтернативните училишта учениците може да им се обраќаат на наставниците со нивните имиња. Учениците и наставниците можат да работат како соработници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „A Paradigm Shift“. Montessori-namta.org. Архивирано од изворникот на 2010-06-18. конс. 2011-10-04.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  2. „CanTeach - Traditional Education“. Canteach.ca. конс. 2011-10-04.