Томислав Стојановски - Бомбај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења видете на појаснителната страница за Томислав Стојановски

Томислав Стојановски - Бомбај (Тетово, 1940) е македонски политичар и лидер на Демократската партија на Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бомбај е роден во Тетово во 1940 година. На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје завршил Машински факултет. Директор е на енергетското одржување во Комбинатот Тетекс во Тетово. На парламентарните избори во Македонија во 1994 година е во составот на македонскиот парламент[1]. Во 2009 година бил кандидат за градоначалник на Општина Тетово но не успеал да влезе во вториот круг[2]. Живее во Тетово.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Томислав Стојановски“ (на македонски). Собрание на Република Македонија. http://www.sobranie.mk/?ItemID=C06DE74A40CD8448BBF3191300731DA9. конс. 5 ноември 2009 г. 
  2. Мисоски, Јошко (6 март 2009). „Кандидатот за градоначалник Томислав Стојановски-Бомбај“ (на македонски). КИСС ТВ. http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=6185. конс. 5 ноември 2009 г.