Томаш Маковски
Томаш Маковски | ||
Роден | 1970 | |
---|---|---|
Занимање | историчар, библиотекар |
Томаш Артур Маковски[1] (полски: Tomasz Artur Makowski; р. 1970) — директор на Националната библиотека на Полска[2], претседател на Националниот совет за библиотеки и на Националната комисија за библиотечни колекции и на Комитетот за дигитализација при Министерството за култура и национално наследство.
Животопис
[уреди | уреди извор]Маковски работи во Националната библиотека од 1994 година. Пред да стане генерален директор во 2007 година бил заменик генерален директор и директор за истражување. Томаш Маковски е член на одборот на голем број организации и институции во Полска и во странство, вклучувајќи го и Националниот комитет за меморија на светот на УНЕСКО, одборот за архиви под директор на Државниот архив, програмскиот одбор на Институтот за книги, програмата на Институтот Шопен, Националниот музеј во Краков, Музеј на литературата и Музејот Лазенки Кролевскје.
Во 2005 година ја создал првата монографска изложба за библиотеката Замојски. Тој е асистент професор на Универзитетот Кардинал Стефан Вишински во Варшава. Автор е на три книги и голем број написи. Тој специјализира во историјата на библиотеките и ракописните студии.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Томаш Маковски на Ризницата ?
- Томаш Маковски Архивирано на 11 август 2017 г. (англиски) - биографија на страницата на Институтот Фредерик Шопен
- Биографија Архивирано на 25 септември 2007 г. (полски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://nauka-polska.pl/dhtml/raporty/ludzieNauki?rtype=opis&objectId=105396&lang=en
- ↑ America, Polish Institute of Arts and Sciences in (2007). The Polish review. Polish Institute of Arts and Sciences in America. стр. 227. Посетено на 21 June 2011.