Тенкослојна хроматографија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тенкослојна хроматографија е хроматографска техника која се користи за разделување на неиспарливи компоненти од смеси. Тенкослојната хроматографија се изведува на тенок слој (стационарна фаза), најчесто од силика гел, алуминиум оксид или целулоза, нанесен на стакло, пластика или алуминиумска фолија.

Развивање на TLC плоча, виолетова точка се разделува на црвена и сина.

Откако примерокот ќе се нанесе на плочата, низ неа се придвижува растворувач или мешавина од растворувачи (познати како мобилна фаза) под дејство на капиларните сили. Раздвојување на компонентите од смесата се постигнува бидејќи тие низ плочата се движат со различна брзина.