Темновиолетова гулапка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Темновиолетова гулапка
Научна класификација [ у ]
Царство: Габи
Оддел: Столпчести габи
Класа: Агарикомицети
Ред: Гулапковидни
Семејство: Гулапки
Род: Гулапка
Вид: Темновиолетова гулапка
Научен назив
Russula atropurpurea
(Krombh.) Britzelm.
Синоними

Russula krombholzii Shaffer
Russula undulata Velen.

Темновиолетова гулапка (науч. Russula atropurpurea) е јадлив член од родот Гулапка. Таа има боја на шапката, темно вино (црвено вино) или виолетово и расте во микориза со листопадни, или повремено иглолисни дрвја. Вообичаени народни имиња, cрна-виолетова гулапка, или виолетова кршливка.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Првично е опишана како Agaricus atropurpureus од германскиот природонаучник Јулиус фон Кромбхолц во 1845 година, а сместена во Гулапка од неговиот сонародник Макс Брицелмајр во 1893 година, биномното име на оваа печурка R.atropurpurea (Krombh.) Класификацијата на Брицелмајр е прифатена како неточна и миколозите не можат да се договорат за соодветна замена.[1]

Распространестост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Темновиолетова гулапка расте на крајот на летото и почетокот на есента. Вообичаена е во северните умерени зони, Европа, Азија и Источна Северна Америка и е во микориза со дабот ( Quercus ),[2][3] со кој претпочита да живее. Претпочита кисела почва, повремено може да се сретне и со бука или бор.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Зрела Темновиолетова гулапка островот Кајен

Шапката достигнува од е 4 - 10 см во пречник. Таа е темно црвеникаво виолетова, со темен; понекогаш речиси црн центар. Отпрвин е конвексенна, но подоцна се израмнува и често има плитка вдлабнатина. Може да има и посветла боја или шарено жолтеникава. Дршката е цврста, бела и станува сива со возраста. Тоа расте 3-6 см во должина и 1–2 см во дебелина. Тесно поставените и прилично широките жабри се прикачени речиси слободно со бледа крем боја, давајќи отпечаток на спорите со иста боја. Месото е бело; со овошен мирис, сличен на јаболко. Вкусот е умерено лут.[1]

Видот Р. brunneviolacea и Р. romellii се слични видови, иако и двете имаат потемни отпечатоци од спорите.[2]

Како што созреваат плодните тела, шапките стануваат вдлабнати за да соберат вода за време на влажно време, а голем дел од бојата на шапката се мие од работ.[4]

Спори[уреди | уреди извор]

Спори на 800x пронајдени во поле во Велс, Обединетото Кралство.

Отпечатокот на спорите е белузлав, а спорите од субглобус до топчести украсени со брадавици и гребени се со димензии 7-9 x 6-7 микрометри.

Јадливост[уреди | уреди извор]

За Темновиолетова гулапка се вели дека оваа е најблагата од видовите Гулапка со лут вкус. Може да се јаде ако топлински се обработи, иако не се препорачува.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Phillips R (2006). Mushrooms. Pan MacMillan. стр. 22. ISBN 0-330-44237-6.
  2. 2,0 2,1 Laessoe T (1998). Mushrooms (flexi bound). Dorling Kindersley. ISBN 0-7513-1070-0.
  3. Arora D (1986). Mushrooms Demystified. Ten Speed Press. стр. 85. ISBN 0-89815-169-4.
  4. „Russula atropurpurea, Purple Brittlegill mushroom“. First Nature.